ВЕРУВАМ
Persej Makedonski
Верувам дека Библијата (Светото Писмо), која е составена од 66 канонски книги, е безгрешна и целосно надахната од Бог. Веруваме дека таа го објавува Бог и Неговиот план за спасение на човештвото. Библијата ја препознаваме како темел на нашата вера.
Верувам дека постои само еден Бог, кој е Создател на се што постои (видливо и невидливо) и Кој се објавува во три лица: Отецот, Синот и Светиот Дух.
Верувам дека Исус Христос е Божји Син, Кој е еднаков со Бога. Веруваме дека Тој беше роден од девица, живееше совршен и безгрешен живот, беше распнат на крст, за да ја плати казната за нашите гревови, но по три дена воскресна и се вознесе на небото. Сега Тој седи оддесно на Небесниот Татко и посредува за нас, во молитва.
Верувам дека сите луѓе се грешни, поради што се наоѓаат под Божја осуда и гнев. Токму поради гревот, настапи смртта и физичката и духовна одвоеност од Бог.
Верувам дека секој човек може да биде спасен од Божјиот суд, очистен од неговите гревови и да го обнови заедништвото со Бог, доколку се покае за своите гревови и го прифати Исус Христос, како свој Господ и Спасител.
Верувам во светост и праведност на верникот. Оваа праведност на верникот му се дава како Божја благодат заради жртвата на Христос, се прима само преку вера и се манифестира преку плодот на Духот и светиот живот.
Верувам дека секој кој поверувал во Исус Христос, треба да се крсти во вода и да земе учество во Господовата трпеза-Причеста.
Верувам во една, Христова Црква, која е составена од сите оние кои му припаѓаат на Исус Христос и заедно се собираат за да го слават Неговото Име.
Верувам во Светиот Дух и духовните дарови, кои Тој и денес ги дава на црквата, преку кои се пројавува силата и мудроста Божја.
Верувам дека главната мисија на Црквата е да го проповеда Евангелието (радосната вест) по целиот свет, на секој човек и секој народ, за спасение на секој што ќе се покае и ќе поверува во Христос.
Верувам дека Исус еден ден ќе се врати повторно, за да му суди на светот и да го воспостави Своето Царство, за да владее во моќ и слава.
Верувам во воскресение на мртвите, едни-за вечни маки во пеколот, а други-за вечен живот во небото (рајот), каде што ќе нема болести, тага и смрт.
БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ !!!
АМИН
Comments
ВЕРУВАМ
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2287573/1/20
Prv o7
o7
amin
cCc In Kpakep4e we trust cCc
o7
o/
Убава статија, на мене како верник ми се допаѓа
Ама овој дел,
---- „Верувам дека Библијата (Светото Писмо), ... е безгрешна ...“
може да го каже само некој кој или не ја читал библијата или „несакајќи“ прескокнал некои работи кои се бесмислени 🙂
o/
секако дека е безгрешна, посебно вај дел :http://biblephone.intercer.net/bible/index.php/mk/1/web/Numb/31/
кај шо вика -
31:1 И му рече Господ на Мојсеја велејки:
31:2 "Одмазди им се на Мадијамците поради синовите Израилеви, и потоа ке се прибереш при народот свој."
..............................................
31:14 И се разгневи Мојсеј на воените началници, иљадниците и стотниците, што се беа вратиле од војната,
31:15 па им рече: "Зошто ги оставивте живи сите жени?
31:16 ете тие, по советот на Валаама, беа станале причина синовите Израилеви да отстапат и да ги презрат наредбите од Господа, заради Фегор, затоа и дојде оној пораз врз народот Господов.
31:17 А сега, убијте ги сите деца од машки пол, убијте ги и сите жени, што познале маж на машко легло;
31:18 а сите деца од женски пол, кои не познаел машко легло, оставете ги живи за себеси.
а вие секако верувајте си, оти тоа е полесно одколку да размислувате