ВЕРУВАМ

Day 2,056, 11:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski
ВЕРУВАМ


Верувам дека Библијата (Светото Писмо), која е составена од 66 канонски книги, е безгрешна и целосно надахната од Бог. Веруваме дека таа го објавува Бог и Неговиот план за спасение на човештвото. Библијата ја препознаваме како темел на нашата вера.

Верувам дека постои само еден Бог, кој е Создател на се што постои (видливо и невидливо) и Кој се објавува во три лица: Отецот, Синот и Светиот Дух.

Верувам дека Исус Христос е Божји Син, Кој е еднаков со Бога. Веруваме дека Тој беше роден од девица, живееше совршен и безгрешен живот, беше распнат на крст, за да ја плати казната за нашите гревови, но по три дена воскресна и се вознесе на небото. Сега Тој седи оддесно на Небесниот Татко и посредува за нас, во молитва.

Верувам дека сите луѓе се грешни, поради што се наоѓаат под Божја осуда и гнев. Токму поради гревот, настапи смртта и физичката и духовна одвоеност од Бог.

Верувам дека секој човек може да биде спасен од Божјиот суд, очистен од неговите гревови и да го обнови заедништвото со Бог, доколку се покае за своите гревови и го прифати Исус Христос, како свој Господ и Спасител.

Верувам во светост и праведност на верникот. Оваа праведност на верникот му се дава како Божја благодат заради жртвата на Христос, се прима само преку вера и се манифестира преку плодот на Духот и светиот живот.

Верувам дека секој кој поверувал во Исус Христос, треба да се крсти во вода и да земе учество во Господовата трпеза-Причеста.

Верувам во една, Христова Црква, која е составена од сите оние кои му припаѓаат на Исус Христос и заедно се собираат за да го слават Неговото Име.

Верувам во Светиот Дух и духовните дарови, кои Тој и денес ги дава на црквата, преку кои се пројавува силата и мудроста Божја.

Верувам дека главната мисија на Црквата е да го проповеда Евангелието (радосната вест) по целиот свет, на секој човек и секој народ, за спасение на секој што ќе се покае и ќе поверува во Христос.

Верувам дека Исус еден ден ќе се врати повторно, за да му суди на светот и да го воспостави Своето Царство, за да владее во моќ и слава.

Верувам во воскресение на мртвите, едни-за вечни маки во пеколот, а други-за вечен живот во небото (рајот), каде што ќе нема болести, тага и смрт.

БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ !!!

АМИН