5 до 12 Време за будење

Day 1,190, 06:07 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Неколку статии пред оваа дадов неколку предлози.

Сега да продолжам.

Министерство за Економија


Да почне да издава дневно, секој втор ден или како веќе ке се договорат статија во која ќе дадат предлог плата за секој скил како играчите не би оделе во минус.
Да се апелира на играчите преку статии за купување на домашни производи а да се ставаат во статии странските компании во кои не треба да се работи заради искористување на наша работна сила и богатење на наш грб (и плус го носат златото надвор од еМакедонија).
Да се апелира почесто во статии од владата да се купуваат денари од наши играчи.
Да се дава еднаш дневно преку владина статија колку да се држи курсот на денарот и да се апелира до играчите да го држат тој курс.

Министерство за образование

Направете статија со корисни страни за еРепублик посебно со компани симулатор и како да се користат, верувам дека многу од новите играчи не ги знаат страните кои секојдневно ги користиме (оние кои се подолго во игра).
Оваа министерство заслужува пофалба --Браво дечки--.

Министерство за одбрана

Секојдневно издавање на статии за приоритетни битки.
Почнете да организирате заедничко удирање, направете канал и давајте време во статија кога заеднички ќе се удира. Направете играта да биде поинтересна за играчите. Вака се удира кој кога сака и изгледаме неорганизирано.


И уште нешто гледам дека имаме преку 400 играчи кои се одселиле во Србија, апел до нив да се вратат у Македонија.

Престанете да чмаете и дајте во оваа мирно време да ја направиме играта позанимлива затоа што многу почнаа да се откажуваат од активно играње.