Туторијал (упатство) за новите играчи ! [TOP 5]

Day 1,230, 02:58 Published in North Macedonia North Macedonia by SkopjeSevercanec


Добродојдовте нови играчи ! Со овој текст на кратко ќе дојдете до знаење како се игра оваа игра.
Пред да почнам да ја објаснувам играта сакам да ви кажам дека колку и да изгледа глупаво и досадно играва не се откажувајте,затоа што понатаму интересна е !

1.Прво и најосновно е да не се борите до 15ти левел,затоа што колку и да мавате не правите ниту
малку штета,а само губите од здравјето поради што треба да трошите пари.

2.Втора важна работа е работењето во фирмите.За да се вработите одете во Market > Job Market и Apply на првата работа (затоа што таа е највисоко платена). Доколку не сте задоволни од таа работа и сакате да се вработите на друго место можете да дадете отказ после 3 дена .Тоа може да го наравите во следните чекори Land > Resign (resign се наоѓа кај сликата од фирмата во која работите). Најважно од се во работењето е да работите СЕКОЈ ДЕН СО 100 ЗДРАВЈЕ,а после 30 дена работење по ред добивате медал со кој добивате 5 голд.

3.Трета поважна работа е тренингот.Од кога ќе работите во фирмата следува тренингот.Тренирајте со 10 бустер (првото квадратче) затоа што не ве чини ништо (0.00 голд). Од кога ќе работите и тренирате одете на Get Reward за да земете награда од тоа што сте работеле и тренирале.
Доколку сакате можете да го прочитате и прирачникот за тренинг ---> http://www.erepublik.com/en/article/-1-1732556/1/20

4.Четврта поважна работа се мисиите кои можете да ги најдете лево на вашиот екран од HOME.На почетокот мисиите се лесни (пример: стави profile picture) но наградите не се големи,а понатаму мисиите стануваат се потешки и ви треба доста долго време да ги направите.Значи не се фокусирајте на правење мисии, не се толку многу важно но сепак би било добро да ги правите секако доколку имате можност.Објаснувањата за мисиите можете да ги најдете одкако ке кликнете на нив,но можете исто така и во разни статии како мојава... Тие }
статии служат за подобро објаснување на мисиите.

5.Петта и последна побажна работа за вас почетниците е да се претплатите на сите Македонски весници така што ќе стиснете како на сликата најгоре...Subscribe.Со ова секојдневно до вас ќе пристигнуваат нови статии кои ние ќе ги пишуваме за вас да ве информираме со новостите.

Тоа е одприлика се... Затоа што сте почетници дневно ќе играте по 5 минути,но гледајте да прочитате повеќе вакви информативни статии и туторијали за играње !



Vote за во ТОP 5 + Subscribe + Shout да видат сите !!! o7
Skopje Severcanec