Од почетокот до денес: МАКЕДОНСКИ ИЛЛУМИНАТИ " SI VIS PACEM , PARA BELLUM"

Day 1,307, 09:35 Published in North Macedonia North Macedonia by makedonec21


Дојде време ние да се представиме пред Македонската јавност. Македонските Иллуминати основани се на 1107 ден од новиот свет набргу по додавањето на светата еземја Република Македонија. Основачите се незадоволни војници од Тигрите кои напуштени од своите предпоставени во странство без никаква логистика и дневно следовање со тешки маки по враќањето во својата земја основале паравојска за заштита на својата тогаш сеуште млада и ранлива татковина.
Почетоците се скромни како и на секоја тогаш оформена паравојска со неколку членови со 2-3 фабрики колку за преживување но со голем потенцијал за прераснување во елитна борбена формација која може да застане во одбрана на својата татковина и значително да допринесе во секој сегмент од борбата било да е на борбеното поле било да е на логистички план или на некое друго поле. Набргу по основањето оваа единица имаше успешна акција во контра разознавање кога беше одкриен планот на Татарската држава за уривање на нашата национална валута и голем одлив на злато од нашата татковина. Таа акција не само што ја спаси Македонија туку ја кошташе Бугарија едно 2000 злато.

За оваа единица не се знае многу поради тоа што нејзините членови не се некои истакнати батиња во еМакедонија, поради тоа што све што имаат стекнато е од своја мака од свој џеб и со свој труд а не како што се шпекулира за други паравојски од државни пари од мултиња од крадење и све останато. Сме имале големи проблеми од најразлични видови но најголем беше банирањето на заменик командантот Млит со кој ни пропадна поголемиот дел од нашиот капитал 4 фабрики и 200 злато. Но ние го преживеавме тоа и продолживме.

Неприкоснвен лидер на Иллуминати е General Maximus кој од основањето па се до ден денешен се покажа како извонреден лидер, стратег и најважно како голем пријател на секој член на оваа паравојска и со негово водство и со негов амин стигнати сме до каде што сме располагаме со голем капитал и со голем потенцијал да прераснеме во нешто уште поголемо но секако све со една цел, сеопширна и неприкосновена МАКЕДОНСКА ИМПЕРИЈА.

Поважни податоци кои требат да се знаат за единицата е дека брои 50 борци и 2ца регрути, просечната сила изнесува 2500 стр просечниот ранк изнесува 400 000 и дека во секое време може да придонесе со 1.5 инфлуенце за НАШАТА ИМПЕРИЈА .

ДА ЖИВЕАТ ИЛЛУМИНАТИТЕ ДА ЖИВЕЕ ОНЕ И НАЈВАЖНО ОД СЕ ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНСКАТА ИМПЕРИЈА !!!!
" SIVIS PACEM , PARA BELLUM"