Каналот #novinari.emkd организира голема ММ акција!!!

Day 1,196, 07:27 Published in North Macedonia North Macedonia by iksimkd



Значи вака, прво да објаснам кој е #novinari.emkd каналот. Овој канал е отворен пред нешто повеќе од 2 недели и неговата намена беше таму да се собираат новинарите од еМакедонија со цел да споделуваат статии, информации и да бараат претплати за нивните весници а не да организираат секој ден ММ акции.
Но бидејќи каналот не се покажа како некој успех и популарен пред еМакедонците тоа не значи дека треба да очајуваме и да се откажуваме така лесно.

Каналот иако малкумина го знаат ќе продолжи со својата работа но сега со малку поинакви правила, ( воедно оваа статија ја користам да ги известам и операторите на каналот за новите правила ) бидејќи претходно како што кажав погоре намената му беше претежно да им се помага на новинарите и да не се отвараат секој ден статии за ММ акции. Бидејќи во тие статии се постираат многу весници и некој кога ќе ја отвори статијата и ќе види дека има 15-20 весници кои чекаат за претплати ќе си каже "Е нема проблем пола саат ќе ви кликам весници и ќе се малтретирам" или нешто слично.

Сега ќе мораме и ние да го прекршиме нашето правило, или подобро да речам да го замениме, и ќе почнеме да организираме ММ акции.
Но, тоа нема да бидат ММ акции како на оние што досега бевте навикнати, статиите ќе бидат убаво средени, прегледни и нема да се постираат по 20 или повеќе весници одеднаш туку секој ден ќе се објавуваат по 6 весника кои се на пат до ММ медал.

Право на учество во овие акции ќе имаат сите весници кои се во сопственост на еМакедонци и кои се државјани на еМакедонија. ( немора да живеат во еМакедонија )

Право на учество имаат сите весници кои имаат помалку од 1000 претплати.

Право на учество ќе имаат сите сопственици на весници кои имаат издадено барем по една статија во својот весник. Значи не е фер да се дава Subscribe на некој што нема објавено ниту една статија, кој не се потрудил барем малку од малку да напише нешто и да го заслужи тој медал додека пак другите што имаат весници и пишуваат статии секој ден неможат со месеци да соберат 1000 претплати за медал.

Ова се првите шест весници со моментален број на претплати: (имајте во предвид дека овие бројки ќе варираат и не се константни )

The_Wolf_Pack - 187

eBazinga - 553

MACEDONIAN NEWSPAPER - 443

Premier News - 387

KRAL FILIP II MAKEDONSKI - 318

Makedonska Narodna Volja - 318

И за на крај секако оставам на вас да решите дали ќе одвоите 1 секунда да ставите Subscribe и на мојот весник.

Доколку сопствениците на овие весници имаат нешто против тоа што се вклучени во оваа ММ акција слободно нека остават коментар и нивниот весник ќе биде избришан.

PS: Овие весници се бирани рандом, ( random ) никој од овие весници не е вклучен поради некои преговарања или сл.

PPS: За се останато што ви треба и сакате да прашате на располагање ви стои каналот #novinari.emkd

И за на крај, одморете очи после толку читање и кликање - заслуживте!