[MTO] - Отвори го срцето, помогни на цивилите на МТО

Day 1,425, 04:24 Published in North Macedonia Ireland by MeDs.
Почитувани сограѓани,

Сите сме свесни на угледот и почитта која што ја има МТО во Македонија.

Паравоена организација која што од самиот почеток повлечено и годро ги бранеше боите на Македонија. Единица која поради својата дисциплина и организираност ги привлече и најголемите тенкови во Македонија ScymeX, Aexil Kong и Mudash.

Но МТО не е воена организација само за јаки играчи и тенкови.

Со воведување на промените во делот од МУ, МТО ги отвори касарните за цивилното население.

До овој момент МТО Civilian Force брои 712 членови.

Цивилите на МТО се закотвени на прво место по број на остварени убиства со што секојдневно привлекуваат уште поголем број на членови.

Како благодарснот за својата посветеност и дисциплина во наредбите Aexil Kong задно со El Che G извршија акција за поддрша на цивилите и донација на тенкови. Акција каде што беа поделени над 250 тенка.

А до сега во индивидуални акции на МТО поделени се повеќе од 1000 тенкови


Сепак МТО Civilian Force, не е организација која што се финансира од државата. Тоа е МУ ентузијастички оддржувана од нашиот драг ZukoMK, кој е единсвтениот член од МТО National Force кој остана да ги организира и поддржува цивилите.

Обезбедување на оружје и храна на 712+ војници секојдневно е скоро невозможно. Потребни се огромни средства, време и организација.

Организацијата е главна карактеристика на МТО која се издигна до воениот врв во Македонија, време имаме колку сакаме 🙂, но проблем претставуваат финансиите.

За таа цел МТО организира добротворна акција кој сака да помогне со донации на ZukoMK за отворање на фирми за ресурси. Средствата собрани од продажбата на ресурсите ќе се користат за делење на храна и оружје за цивилите.

Од членовите на МТО, други паравоени организации и од цивилите се собрани над 120.000 МКД, и отворени се 17 фирми.

Во прилог ви ја претставувам оригиналната статија (интерен документ на МТО) и иницијаторите за оваа идеја.

http://tinyurl.com/6deey34

Во документот е објаснет начинот на работа на фирмите, а подолу се набројани и поединечните донации.

Затоа браќа и сестри кој колку може донирајте на ZukoMK

Со јаки цивили и организирано насочена штета Македонија е непобедлива.

Останете ми со полни магацини и со две куќички 🙂, и нека Плато ве благословува со scope и rocket на секое килл 🙂

Ваш МТО



[MTO] - Отвори го срцето, помогни на цивилите на МТО
http://www.erepublik.com/en/article/-mto--1882763/1/20