Зачлени се во Macedonian Order - United Party

Day 1,428, 09:53 Published in North Macedonia Ireland by MeDs.
Почитувани браќа и сестри,

Далеку позади нас е периодот кога во Македонија се водеа битки за превземање на врвот на најголема и влијатејна политичка партија, битки за предложување на идеи и планови за подобра Македонија, битки за предложување на поквалитетен претседателски кандидат.

Високо на врвот секојдневно за поголем број на членови се бореа најбројната ОЕМ и најнадежната МНФ.

Но сето тоа се промени. ОЕМ опстојува на врвот поради своето реноме во политичкиот живот на Македонија, а членството на МНФ се растури и партијата се ребрендира.

Ги заборавивме предизборните кампањи за за претседатели на партии, а конгресменските лобирања се во рамката од 10 тенка па се до стотици денари за глас.

Сведоци сме на несовесното работење на конгресмените, продавање на државјанства на играчи непријатели на Македонија за тенкови и злато.

Назадување на Македонија со самоволно предложување на закони, како и злоупотреба на законот на Природен непријател кој не скраси од ресурсите последнава недела.

Но МАКЕДОНИЈО не тагувај...

Со чисто срце и совест, активно започнуваме со активирање на Macedonian Order - United Party.

Партија која што ветува иднина на Македонија со стабилни конгресмени, и видни личности во врвот на конгресот.

Прва партија која што работи на концепт за предложување на квалитетен кадар на конгресмени кои што ќе работата за доброто на Македонија. Конгресмени на кои што не им е од значење наградата и медалот на профилит.

Моментално партијата се наоѓа на 6то место со 144 членови. За да може да влеземе во битка за конгресменските места потребно е да влеземе во ТОП 5 партии во Македонија.

Имаме на располагање 4 дена да го собереме потребното членство.

Секој поединец кој што ја поддржува нашата идеологија за СОВЕСЕН КОНГРЕСМЕН добредојден e во Macedonian Order - United Party партија.

Партија во која сите ќе бидеме еднакви едни пред други, парти која ќе се издига над секоја воена организација. Партија која ќе работи за интересот на своите членови, партија во која секој ќе добие шанса да го искористи својот потенцијал.

Партија во која најмалку е важно која боја е вашиот аватар.

Придружетени се заедно да го подобриме политчкиот живот во Македонија.





Доста ни е од ПРОДАДЕНИ ДРЖАВЈАНСТВА !!!


Доста ни е од ПРОДАДЕНИ ЗАКОНИ ЗА ПРИРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ !!!


Заедно до подобра МАКЕДОНИЈА




Со Почит
Macedonian Order - United Party


Зачлени се во Macedonian Order - United Party
http://tinyurl.com/Macedonian-Order-United-Party