За eRepublik бебиња(ново регистрирани)

Day 1,154, 04:38 Published in North Macedonia North Macedonia by magicfingers
eRepublik е онлајн стратегија направена пред околу 3 години и претставува копија на реалниот живот. Во виртуелниот свет, земјите се развиваат по идентичен пат како и во реалниот живот, така една држава има политичко и економско уредување, државни институции, војска, фирми итн. За да се функционира во најдобар ред, задолжени се самите играчи кои играат за својата земја, работат и создаваат подобри услови за еЖивот.

eRepublik ја играат околу 200.000 играчи во светот. Активни се околу 40 земји, а во секоја има можност за работа на која било професија. Секој играч може да се покаже во некој дел од виртуелниот живот, па така може да биде бизнисмен, новинар, политичар или да работи која било работа.
Државата е уредена како во реалниот живот. Платите се редовни и за сега се функционира беспрекорно, а битки за освојување на територија се водат и сега. Активни битки моментално се:
Македонија vs Бугарија
Турција vs Бугарија
Србија vs Хрватска
Италија vs Словенија
Унгарија vs Романија

Играта може да ја игра апсолутно секој, слободното време апсолутно не е важно, потребни се околу 10-15 минути дневно, а доколку сакате да бидете учесници во битките и слични работи околу 1h дневно. Нормално што повеќе време толку подобро за вашиот еПрофил.

Играта ја почнувате како еБебе и за тоа време работите, тренирате и одмарате. Подоцна може да бидете активни во некоја воена единица, новинар, конгресмен, претседател, сопственик на фирма итн.

Во почетокот само тренирајте и работите, извршувајте ги мисиите и сл.(никако не се борете)

Корисни линкови:
- Makedonski Chat
- eRepublik wikipedija

Не заборавај на Subscribe 🙂