[Argead]Предлог нацрт план за АРМ 2.0

Day 1,180, 07:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Argead

Предлог нацрт план за АРМ 2.0

- Ве молам бидете конструктивни , ова е само МОЈ личен предлог стаен на хартија која се брише и менува
После првата верзија на планот добив повеќе предлози низ разговори и коментари па во овој 2.0 предлог се обидов да интегрирам некои од нив ( бидејќи сум на свадба вечер и нема да можам да присуствувам на состанокот вечер ова е мој мал придонес кон дебатата )
Затоа ве молам за Chain Shout за што повеќе луѓе да го видат и искоментираат предлогов за да имаме некоја слика за расположенијето и желбите на е-Македонците


1..АРМ ќе ја составуваат повеќе независни единици во чија работа , организираност и други видови на внатрешна поставеност нема да се меша државата освен со помагање на истите преку буџетот на АРМ
(државата 100% да финансира за плати и суровина при што несмее да се продава ништо без одлука на совет за безбедност )
3.Највисок орган на АРМ е советот на АРМ т.е Генералштабот
4.Генералштабот го сочинуваат предцедателот, ,министерот за одбрана со негови двајца помошници и по еден член од секоја воена единица
( Овде ќе се дискутира за стратегијата и начинот на употреба на ресурсите што ги има војската
Сите единици треба да достават извештај за нивната состојба со ресурси , готовност , активни членови , колку луѓе во колку часот би биле активни и тн. за да МоД со неговиот тим ги сумира овие извештаи и во однос на нив да се планира стратегијата .
- Во генералштабот главна одлука има МоД при што бара совет и од другите команданти на единици кои имаат право на сумираните извештаи за поплодна дебата.
- Во случај на евентуален раздор по некое крупно прашање се доставува барање за свикување на советот за безбедност каде се пеглаат работите и каде командантите на единиците имаат право на глас т.е можност за промена на некоја одлука дури и да бараат смена на МоД
5 .Повисока инстанца Совет за безбедност
Советот за безбедност го сочинуваат предцедателот,премиерот,министерот за надворешни,министерот за одбрана,министерот за економија и по еден член од секоја воена единица

(Значи да се добие на избори не е мала работа затоа предцедателот има право на 4 свои луѓе во генералштабот од кој тука е премиерот и министерот за економија кој во одредени расправи за трошење на средства од буџетот треба да помага со совети за евентуални решение на Советот за безбедност што би го пореметило пазарот или сл.
МоФА треба да обезбеди контакт и информации за координацијата со сојузниците
Кој покрај на советот трееба редовно да му ги доставува на МоД
МоД треба да направи план и да ја има статистиката и координацијата на војската и паравоените единици)

Работата и одлучувањето на Советот за безбедност се слични на рл Собрание
Има редовни и вонредни седници секој од членовите може да даде предлог и да го образложи , потоа другите расправаат по предлогот и предлогот се става на гласање ( со над 50 % се усвојува предлогот )

6.Буџетот на АРМ е 70 посто од средствата собрани од даноците

7..Одлуката за негово трошење ја донесува Генералштабот

За секоја седница и на Советот и на Генералштабот се води евиденција на присутни и се снима разговорот од страна на некој од членовите – овие информации се строго доверливи и се чуваат на одреден маил – објавување на истите е можно само со согласност на 50% од советот за безбедност

100. Единици на АРМ

Секоја од овие единици мора да исполнува одредени услови ( просечна сила , и број на активни членови )
- Кај Србите тоа е од 30 до 60 со просечна сила 1050 ( кај нас ваљда пониско малку тереба да биде ) не вклучувајќи ги регрутите
Повеќе овде http://www.erepublik.com/en/article/-1-1649375/1/20
Секоја единица мора барем во еден мал дел од своето лого да го содржи македонското знаме и текстот АРМ
Секоја единица има право на по еден член во генералштабот на АРМ и во советот на безбедност
Единиците се независни во чија работа ,организираност , други видови на внатрешна поставеност нема да се меша државата
Единиците имаат право преку својот член во Генералштабот да бараат помош и средства од буџетот на АРМ
Единиците имаат право да земаат средства и ресурси како од Буџетот на АРМ така и од државните резерви , по предходна одлука на Генералштабот или Советот за безбедност
Единиците треба да водат евиденција и да даваат еднаш неделно или по потреба ивештај за својата спремност и залихи со цел да се знае одприлика дали и колку можеме да издржиме евентуална војна и сл.


До објаснување на предлогот :

1.Како што можевте деновиве да видите со единицата лавови луѓето се здружуваат помеѓу себе и покрај државните интереси склони се да си ги бранат и интересите на својата единица , затоа секоја нова власт промените што ќе сака да ги направи и евентуално менување на команданти или финансирање ќе предизвикува раскол наместо единство и напредок затоа и при промена на командант препорачливо е да е тој од истата единица + сега со својот член во генералштабот и советот за безбедност имаат можност да се слушне нивниот глас како и да променат нешто ( може да и се даде можност на единицата и сама да дава предлози за нејзин командант )

5 . - Значи со ова решение предцедателот кој сепак се менува само на месец дена и нема логика секој месец да се почнува од почеток нема да има мнозинство во Советот за безбедност но тој со неговите членови битно ќе влијае на одлуките и евентуалните предлози. Со што новите избори ќе донесат нови идеи а не раздор

6 . Бидејќи ова е сепак претежно воена стратегија и бидејќи требаат пари и за други работи

7. Ова е јасно само треба да се дефинира низ разговори кој кога и како ќе свикува заседание на Генералштаб на совет за безбедност како и потребно мнозинство за одлука , и сл.

- Допрецизирање на дел од работите

Бидејќи моменталната состојба е ваква имаме две единици државна војска и повеќе паравоени од кои како што гледам има голем број што сакаат да се интегрираат во државната армија.
Значи со мојот предлог може лесно да се интегрира некоја паравоена во Арм
Така што ќе треба само да додаде на аватарот АРМ и македонското знаме,
Со тоа што добива член во советот за безбедност влијае дирекно на одлучувањето
за било која работа .
Е сега плус обврска ќе им биде да доставуваат до пример МоД извештај за тоа колку ресурси имаат , Спремност и активност на членовите и.тн се со цел да кога се спрема стратегија за напад или за одбрана се знае колку можеме да издржиме
Нормално доколку бидат 100% на буџет на Арм нема да смеат да трошат ресурси без одлука на Генералштабот

Финансиски дел

Бидејќи до сега државната војска беше 100% финансирана од државата – плати , пари за ресурси и сл. во случај на интегрирање на повеќе единици под амблемот на АРМ
ова ќе биде возможно до одредена граница бидејќи со ограничен буџет од 150 голд дневно по моменталниве цени на пазарот тоа би покрило војска од околу 500 луѓе под претпоставка дека нема да се даваат бустери .
Нормално залихите несмеат да се продаваат без одлука на советот за безбедност , и нивната употреба ќе биде строго дефинирана ( пример не смее да се дозволи некој со испод просек 5000 инфлуенс за 1голд со q5 да мава – такви има околу 100 македонци ) освен самата битка да го наложи тоа но не по секоја цена.
Затоа бидејќи уште сме млада држава со млада војска треба да се форсира повеќе на леб помалку на оружје.
И нормално нема да мават сите војници од единицата подеднакво пример пирамидален систем на распределба би бил економски и воено најисплатлив

- Бидејќи државата дава пари за војската да произведува а според просешната продуктивност еден војник може едвај 30 q1 лебови да сработи што значи до 300 хеалт далеку е возот затоа е потребно послабите од единицата да се жртвуваат за да се нарави поголем инфлуенс и нетреба да се лутат ако удираат помалку

ххх. Потребни дополнителни измени со фирмите
А. Досега фирмите кај што работеше војската беа на орг. со тоа автоматски се губи 25 % бонусот на продуктивност значи со овој систем секој ден само губиме
Б. Во раговор со неколку Српски Команданти дознав дека тие исто го имаат проблемот со фирмите на орг.( им рекле админите дека сега неможат да им ги ослободат фирмите ) и тие биле приморани да отвараат нови фирми кој ги распоредиле на неколку од членовите на единицата
Затоа е потребно да се проверува и да се паи притисок за оваа работа на админите или да дадат бонус на државните орг или бар да ги ослободат да може да се префлаат

- - Доколку се решат некој паравојски да си останат паравојски никој нема да им се меша него тогаш ќе го имаат третманот како и странските паравојски – ќе им се понуди истиот рефунд од најефтината понуда на некоја друга паравојска

Варијанта број 2 ( грубо размислување )

Државата да има помала војска која нема да работи производство на raw него само во q4 или q5 фирми повеќето за леб , raw ќе се купува од пазар .
Плус државата ќе напраи свои 1dw и остатокот од дневниот буџет ќе оди за плати во компаниите каде ќе се се праат дополнителни залихи и ќе бидат наменети како за редовната војна единица така и за евентуални манипулации со пазарот.Ваквите државни фирми дополнително може да се работат во соработка со регрутен центар или министерство за Здравство .

- Бидејќи ќе се створат залихи поголеми одколку што редовната војка може да потроши може да се напраат канали каде ќе доаѓаат луѓе со дефинирана јачина и во време на војна ќе им се дава леб да удираат под команда
( овој систем овозможува полесна манипулација и со средствата и со луѓето како и помалку кавги со секоја промена на власта но се губи дел од припадноста ,прегледноста , организацијата како и другарството )




Со почит Премиер на еМакедонија Аргеад