Вицови 2

Day 1,177, 08:52 Published in North Macedonia North Macedonia by bubepacemski

Добро вечер драги еМакедонци и еМакедонки 🙂
И повторно вицови за да се насмее малце ..


1:Оди жена му на Трпе кај сосетката.
- Комшике ако сакаш да ми го позајмиш тавчето.
- Не можам сега, и јас го чекам маж ми.

2:Седат двајца пензионери на клупа и разговараат:
- Колку пати можеш да имаш секс?
- Два пати.
- А кој пат е подобар, првиот или вториот?
- Оној во пролет, дефинитивно.

3:Чак Норис има фејсбук профил на Телетекст.

4:Влегува пијан гејмер со лаптопот во кафеана и му вели на келнерот:
- Келнер наточи 2 GB.

5:Се враќа Трпе од странство со многу пари и другар му го прашува:
- Абе Трпе од каде заработи волку пари?
- Епа таму бев магионичар.
- Е ај покажи некоја магија….
- Ај сврти се и затвори ги очите….
- Го осеќаш прстов во газот?
- Да.
- А глеј кај ми се рацете!

6:Цветко бил скопски фраер и фатил некоја згодна риба од провинција. Излегле навечер по кафичите и ја частел пијачки. Го гледаат другарите и го прашуваат која му е рибата:
- Згодно маче а? Еве да се напиеме неколку пијачки и после идеме кај мене дома.
Прошетал така Цветко неколку кафичи, свртел скопска шема, се испофалил насекаде и на крај ја однел женската дома.
Кога влегле у спална:
- Ајде бе Цветко да те видам сега што мажиште си!
- Аааа, сега ја ќе си легнам, и онака сите знаат дека сум те легнал.

7:Седи младич во кафеана покрај постара средновековна жена, која не изгледа лошо за свои години, има испиено многу и го прашува дечкото:
- Дали си имал дупли секс со мајка и ќерка?
- Не, не сум пробал, но би сакал.
Жената му вика:
- Вечерва е твојот среќен ден.
Го носи дома, влегуваат во станот и жената вика:
- Мамо мамо… изненадување!!!

8:Управникот на затвор ја прашува затвореничката осудена на смрт на електрична столица:
- Имате ли некоја последна желба?
- Да. Ве молам држете ме за рака.

9:Мрзливост – Би ви објаснил што е ама ме мрзи.

10:Постара госпоѓа разгледува претежно досадни слики во уметничка галерија, кога во еден агол забележува слика која и штрчи, па го прашува уметникот:
- Што по ѓаволите е ова???
- Па ова госпоѓо би требало да биде мајка со дете.
- А зошто не е?


Се надевам дека се насмеавте 😁)

...Да не заборавам и едно цице за крај 🙂



Поздрав на сите !

McKe4eR
bubepacemski