МАКЕДОНИЈА Е 13. ВО ЕВРОПА И 33. ВО СВЕТОТ!

Day 1,408, 00:24 Published in North Macedonia North Macedonia by LiCheNnN

Четвртото место на Евробаскетот ни донесе 15 поени, што со оние 10 од пред две години од ЕП од Полска нe искачи во горната "половина" од светската, воедно и европската скала на најдобрите кошаркарски репрезентации...



Со успесите доаѓаа само успеси, но во исто време и качување на оној репрезентативен рејтинг кој Македонија, рака на срце, го имаше и претходно, иако не беше на толку високо ниво.
Но по завршувањето на Евробаскетот во Литванија нe вивна во височините на европската, па и на светската кошарка.
Неколку дена по завршувањето на ЕП Македонија застана на 33. позиција во светското рангирање, она кое секоја есен го прави светската кошаркарска организација, ФИБА.
Во овој момент Макеоднија има вкупно 25 бодови на таа официјална рејтинг листа на ФИБА.

ФИБА РЕЈТИНГ- СВЕТ
(ПО ЕП ВО ЛИТВАНИЈА)
1. САД 852.0
2. Шпанија 730.0
3. Аргентина 673.0
4. ГРЦИЈА 488.0
5. ЛИТВАНИЈА 426.0
6. Турција 302.0
7. Италија 272.0
8. Србија 232.0
9. Австралија 224.0
10. Кина 219.7


11. РУСИЈА 213.0
15. АНГОЛА 178.0
16. ПОРТОРИКО 157.6
18. НОВ ЗЕЛАНД 147.0
21. НИГЕРИЈА 67.6
22. ВЕНЕЦУЕЛА 49.0
25. ДОМИНИКАНА 45.6
28. ЈОРДАН 33.8
31. КОРЕЈА 26.1
33. МАКЕДОНИЈА 25.0
* со големи букви се означени репрезентациите кои ќе играат на олимпискиот квалификациски турнир

ФИБА РЕЈТИНГ - ТОП 10
(ЕВРО ЗОНА)
1. Шпанија 730.0
2. Грција 488.0
3. Литванија 426.0
4. Турција 302.0
5. Италија 272.0
6. Србија 232.0
7. Русија 213.0
8. Франција 195.0
9. Германија 182.0
10. Словенија 157.0
11. Хрватска 134.0
12. Израел 30.0
13. МАКЕДОНИЈА 25.0