Втора еРепублик Собиранка [13-ти Ноември - Сабота]

Day 1,088, 01:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Добро утро Македонци!

Силно светнало сонцето над нашата Македонија, не личи на Ноември но сепак не се жалам. Времето е на наша страна. Според прогнозите утре (сабота) ќе биде уште посончево и потопло.

Затоа би сакал да Ве поканам да го искористиме утрешниот убав ден, за една прошетка и дружење во природа, истовремено ќе го прославиме и празникот 13-ти Ноември, ден на кој нашето Скопје беше ослободено од нацистичките окупатори...

По многу договарања на нашиот форум сфативме дека единствено решение за толкав број на луѓе е отворен простор, затоа отпадна опцијата за кафанче 🙂


Собирот ќе се одржи на Средно Водно
Затоа утре, сабота 13-ти Ноември, дојдете во 11 часот пред школото Кочо Рацин на Водњанска...Таму ќе се собереме, ќе купиме нешто грицки, пиво ова она и кој како сака ќе тргнеме накај Средно Водно...можете со такси, можете пешки, може и со сопстевни коли ако дојдете

* Сите што нема да стигнете, можете да дојдете и покасно, ќе бидеме на средно и нема шанси да утнете таква група 🙂
* Понесете си за пиење и јадење од дома да не губиме многу време во купување
* Понесете си и реквизити за спорт и рекреација (карти, шах, фузбал, ракија) xD
* За тие од другите градови кои незнаат како да стигнат до улицата Водњанска која патем се наоѓа над Државна болница (Клинички центар) пишете ми порака со тоа во колку саат ќе пристигнете и каде

Поканети се сите добронамерни кои сакаат дружење и забава, Водно не чека 🙂


Поздрав
Ваш, Иван Ванчо Македонски