Мојата кандидатура за претседател и плановите за еМакедонија

Day 2,079, 03:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski

ЌЕ ДОКАЖЕМЕ ЛИ ДЕКА ГО ИМАМЕ СРЦЕТО НА ЛАВОТ ?

СРЦЕТО НА ЛАВОТ

Нема да биде лошо да го прочитата текстов за Дисциплината кај Македонската војска - Војската од Филип2,преку Александар до Самоил, за жал после тоа никогаш не успеавме до после Втората Светска војна да се обединиме и да си основаме своја Слободна Македонија - затоа што сме се поделиле на 100 фракции и сме дигале неорганизирани востанија претходно осудени на неупех поради нашето Македонско неединство

Дисциплината кај војската на Македонците



Браќа и сестри Македонци


Првичниот план за тоа во која насока да оди еМакедонија ми пропадна бидејки како што можете д авидите нашиот сојузник Бугарија ќе биде вратен од Јужна Америка и избришан, мојот план беше во координација со сојузот да ослободиме еден наш оригинален регион и со воздушен напад да им се придружиме на Чиле и Бугарија во Јужна Америка по примерот на Хрватите и нивните сојузници во Индија.


Новата опција која админите ја додадоа во играва, плаќањето на штета преку единиците може да биде наше доживотно ропство. До сега осетно ослабевме поради откажувањето да тенкаат повеќето наши тенкови, некои појаки налози од Д4 се продадоа на шиптари и секако многу наши играчи за жал формираа платеничка единица и решија на прв план да им биде виртуелното богатсво наспроти борењето за својата Македонија ( секоја чест на исклучоци ) и сега капак на се многумина попрво би мавале за 200мкд / милион отколку за својата Македонија, а се Македонци и играта е Воена игра со национален предзнак.


Тврдам одсекогаш дека на крајот на краевите е најважно дружењето како на играва, така пред се во РЖ по собиранките. Да не беше играва многумина ќе немав чест лично да ве запознам и да ми бидете пријатели и браќа и во РЖ


Зошто се кандидирам, прво и основно е затоа што имам време и желба да пробам да помогнам најдобро што знам и умеам за еМакедонија – играва ја почнав и ја играм како и сите вас поради тоа што дури и виртуелно се борам за Македонија ( иако е игра преку неа луѓе од други нации можат да видат какви сме и колку вредиме – така да сме еден вид амбасадори на нашата РЖ земја исто така )
Мене не ми е ни до медалот ни до лечење комплекси – демек претседател во играва ќе сум станел, туку што секако ќе скапувам на играва цел Август, а имам можност да бидам онлине и од работа.


Се надевам дека повеќето кои ве замолив за помош ќе си достоите на зборот и ќе ми помогнете дадојдеме до ослободувањето кое сите го сакаме, да пробаме да се дружиме повеќе и да вратиме дел од играчите кои се откажале или се пред откажување од играва како и да донесеме по некој нов играч.


Планот за мојот мандат е следниов :


- Да го обновиме дружењето на чет каналот #emkd-army а да направиме и уште еден канал за тролање, вицови и забава

- Веќе на ФБ се формираа групи за еРепублика играчи, може да направиме група и на скајп каде ќе се дружиме исто така

- Состојбата во банката е следнава http://www.erepublik.com/mk/economy/citizen-accounts/1986446 секоја чест за akconel кој се трудеше максимално да се оствари желбата за ослободување сонеговиот тим, но д абидеме искрени наредби тешко слушавме повеќето

- Поради тоа што сме слаби финансиски ве замолувам да играме од срце за еМакедонија, секако дека ќе остане делењето преку министерството за здраство и ќе се проба да се делат тенкови кога ќе имаме битки ( кога ќе одлучиме дека имаме сила и секако договор со сојузниците за да се ослободиме ќе профункционира и фалангата )



НАЈВАЖНО БРАЌА ОД СЕ Е ДА ПРОБАМЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ДА ГИ ГЛЕДАМЕ ОПШТИТЕ ИНТЕРЕСИ ПРЕД СОПСТВЕНИТЕ, ДА СЛЕДИМЕ НАРЕДБИ ( ПОД ТОА СЕ ПОДРАЗБИРА ДА НЕ НИ СЕ СЛУЧИ ПРЕДВРЕМЕ ДИГАНТО ВОСТАНИЕ ИЛИ ПАК МЕСТО Д АПОМАГАМЕ НА СОЈУЗНИК ДА ТРЧАМЕ ПО ПОГОЛЕМА СУМА ЗА МИЛИОН ШТЕТА )


ДОКОЛКУ НЕ ПОЧНЕМЕ ДА ФУНКЦИОНИРАМЕ ДИСЦИПЛИНИРАНО И ДА СЛЕДИМЕ НАРЕДБИ НЕ МОЖАМ ДА ВЕТАМ ДЕКА ЌЕ СЕ ОСЛОБОДИМЕ, ДОКОЛКУ НЕКОЈ МОЖЕ ДА ВЕТИ ОСЛОБОДУВАЊЕ БЕЗ ПРИТОА СИТЕ ДА СЕ ВЛОЖИМЕ ВО ОСЛОБОДУВАЊЕТО ЈАС ЌЕ МУ ОТСТАПАМ НЕМУ ДА ЈА ВОДИ еМАКЕДОНИЈА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ


Во честврток ќе го објавам тимот кој ќе ја раководи еМакедонија следниот мандат и секако програмата која ќе пробаме да ја оствариме.

Го повикувам секој кој има време и е спремен да помага, да се пријави кај мене во кој дел би сакал да помага


Искрено ваш Персеј Македонски Тоа сум јас