Како да си направите БОЗА дома – рецепт

Day 1,992, 12:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski
Боза е освежителен безалкохолен пијалок направен од ферментација на пченкарно брашно, шеќер и квасец. Тоа е здрав и освежувачки пијалок. Можете и сами да си го направите дома и да сте сигурни дека ќе можете да уживате во него кога ќе посакате без да мора да трчате до најблиската слаткарница – а и од домашно велат нема поарно.

СОСТОЈКИ :

-500 гр пченкарно брашно
-10 литри вода
-1 Кесичката сув квасец
-3 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

Ставете го брашното во водата, добро промешајте и оставете го да отстои 24 часа.
Утредента ставете ја смесата да зоврие. Мешајте постојано додека не зоврие, а потоа оставете да врие еден час – мешајте повремено да не загори. Оставете да се излади до собна температура и додадете го квасецот. Се меша добро.
После тоа, нека отстои смесата уште 24 часа. По овие 24 часа процедете ја смесата преку газа, додадете шеќер по вкус, ванилин шеќер. Мешајте додека шеќерот убаво не се стопи и тоа е тоа – Уживајте во боза.
Чувајте го во фрижидер и пијте ја што е можно поскоро!