Пред-претседателска кандидатура - Персеј Македонски

Day 1,924, 10:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski
Пред да ја објавам статијата со мојата кандидатура ве замолувам сите да ми пратите ваши идеи како понатаму да ја туркаме приказната за нашата сакана еМакедонија.

Го повикувам да се пријави секој играч кој сака да издвои време наредниот месец и да биде дел од тимот

Не ми е битно која еПартија или единица сте, најважно е желбата за напредок на еМакедонија

Значи мојата програма ќе бидат вашите идеи од кои заеднички ќе одлучиме кои да ги спроведеме врз основа на тоа колкави се шансите да се остварат
Мое лично мислење е дека мораме да се потрудиме да си даваме меѓусебна помош, така да не би било лошо да направиме фонд за помош на послабите играчи во кој ние кои имаме вишок истиот тој вишок би го донирале.Секој ден би се давал отчет за истиот тој фонд поткрепен со принт скрин кој колку донирал и на кој играчи секој ден е поделено леб и тенкови

Секоја недела исто така би имало отчет за секој златник, МКД и тенк кој го поседува и ќе го донира државата на играчите

Со почит
Персеј Македонски