Смешни разлики помеѓу мажите и жените

Day 1,647, 00:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Sizzerbb


1. Не еднаш било докажано дека машкиот мозок е за 10% поголем од женскиот, но тоа не влијае на интелектуалниот капацитет.

2. Како што напредува возраста, машкиот мозок се намалува побрзо отколку женскиот.

3. При решавањето на определени задачи, мажот ја употребува едната половина од главниот мозок, а жената другата половина.

4. Кога мажот ќе се изгуби, тој се присетува со помош на растојанието и насоката на движење, додека жената се ориентира според објекти – ориентири. Истото е и при возење – жената се ориентира според различни излози, продавници и сл. додека мажот според бројни вредности за растојание.

5. Жената настојува да запомни се во детали, додека мажот размислува во општо црти.

6. Мажот ги прима информациите малку побрзо, што овозможува побрза реакција...Но...

7. Жените се способни да примаат информации од повеќе извори наеднаш и можат да го посветат своето внимание на повеќе работи, додека мажот се фрустрира кога од него ќе се побара да прави две работи во исто време.

8. Мажите се повеќе се наклонети кон екзактните науки, а жените кон хуманитарните науки.

9. Во главата на мажот се вртат мисли за секс на секоја минута, а кај жената еднаш во неколку дена. Манијакалноста, нимфоманијата и другите крајности не се земаат предвид.





10. Жената е позборлива од мажот. Тоа е поврзано со влијанието на центарот за задоволство во главниот мозок. Разговорот е како оргазам.

11. Жените и мажите реагираат различно на раздразнителни и остри звуци.

12. На жената ѝ се доволни 20 секунди за да стекне доверба во нешто.

13. Во текот на денот жената ќе потроши речиси трипати повеќе зборови отколку мажите.

14. За време на работа женскиот мозок се грее повеќе од машкиот, поради тоа што употребува повеќе глукоза.


15. Мажите и жените го доживуваат хуморот на различен начин. Мажите повеќе се заинтересирани за смешниот крај, додека жените повеќе го ценат финиот хумор и суптилностите воопшто, и во него уживаат повеќе отколку мажите.

16. Жените имаат подобри организациски вештини.

17. Слухот кај мажите е послаб отколку кај жените. Тоа објаснува зошто жените ги восприемаат и најфините тонови коишто за мажите остануваат незабележани. Што се однесува до тактилните сензации, жените и тука ги надминуваат мажите. Машкото набљудување е во голема мера еротизирано, додека жената обрнува внимание на сите детали.

18. Мажите ги восприемаат зборовите со помош на логиката. Тие "слушаат тоа што им се зборува", а жените ги поврзуваат чувствата и интуицијата. Тие слушаат "постојано насетувајќи некои инсинуации."

19. Жените се раѓаат малку покомуникативни од мажите, но затоа пак се помалку компетитивни. Ете затоа мажите се караат почесто. Исто така, тоа објаснува и зошто жените се дразнат кога мажите не успеваат да го одржат разговорот за подолго време. Целата работа е во тоа што кај мажите говорот е помалку развиен отколку кај жените.

20. Кога одејќи по патот ќе наидат на топка, мажот секогаш ќе ја шутне, додека жената ќе ја крене, па дури и ќе ја стисне в прегратки. Ете уште едно пројавување на природната предодреденост на мажите и жените.



Се надевам барем дека малце се насмеавте.

Ве молам за СУБСКРАЈБ, ВОТ и Шаут


http://www.erepublik.com/en/article/-1-2042414/1/20