Претставување на тимот и прво воено известување [Министерство за Информирање]

Day 1,572, 08:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав еМакедонијо,

Во оваа статија би сакале да го претставиме нашиот тим во Министерството за Информирање. Тимот ќе биде составен од тројца членови, но со тек на време можеби ќе имаме уште некој друг. Тимот ќе биде составен од svetecot кој е биден дел од ова министерство веќе неколку пати, другите две дами Makedonecc (Кате) за која е нејзин прв мандат во ова министерство и Girl from MACEDONIA која исто така била дел од ова министерство во неколку претходни мандати и rolerpro кој прв пат е дел од ова министерство.



Нашите главни задачи ќе бидат известувањето за нови промени и резултатите од конгресменските и партиските претседателски избори, но тоа нема да биде се. Исто така ќе правиме анкети со еМакедонските граѓани и ќе има и воени известувања за случувањата во еСветот.



ПРВО ВОЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Можеме да забележиме дека ситуацијата на ОНЕ не е многу сјајна, се повеќе и повеќе држави од овој сојуз се освојувани од страна на ТЕДЕН земјите. Многу ОНЕ земји креваат востанија но за жал безуспешни. Во еСветот нема многу директни судири помеѓу ОНЕ и ТЕДЕН па затоа овие 2 сојуза го фокусираат инфлуенсот во малкуте војни, па можеме да забележиме дека ОНЕ малку по малку се опорава од кризата и дека е поуспешен во овие војни.

АКТИВНИ ВОЈНИ!

1. Нашиот фронт Македонија - Италија
Со смена на претседателот се смени и државата. Македонија станува се посилна и посилна. Македонскиот претседател одлучи за момент да ги остави Грците и Бугарите и да оди во поход кон посилната од порано Италија. Исто така Албанија преку востанија се обидува да дојде до подобра позиција и да ги ослободи своите региони од Србија и Македонија, но за нивна жал (наша среќа) до сега неуспешно.
По договор на Србија и Македонија во утрешното востание во Албански брег/Albanian Coast го враќаме регионот на Албанија, па со помош на Србија ќе одиме во нови походи кон ТЕДЕН земјите. За тоа повеќе прочитајте ТУКА!



2. Полска - Украина
Ова е еден од поголемите фронтови помеѓу двата сојуза. До сега на Полска (ОНЕ) им оди подобро, вчера бевме сведоци на една голема победа на Полска, а и во денешната битка води Полска (ОНЕ).
Но тоа не е се Полска има отворен фронт и со Германија (преку RW-а) и со Украина (преку RW-а). Но добро се справува (освен со RW-то од Украина), со помош на Словачка која има кренато RW во Украина.



3. Ситуацијата на Унгарија и Шпанија - Франција и Италија
Ако го гледаме резултатот помеѓу овие 2 држави тој би бил 0-2 за ТЕДЕН. Иако Шпанија не е крива за проширувањето на Франција и Италија сепак таа беше освоено со помош на овие 2 држави. Иако не го знам планот на ТЕДЕН, според моите предвидувања тој гласел вака:
-Откако Франција и даде неколку територии на Италија заедно појдоа во поход на исток. Сигурно мислеле дека ќе можат да ја освојат Полска, Унгарија (планот им успеа) и да одат во поход кон Србија или можеби некоја друга ОНЕ држава. Но плановите им ги помати Швајцарија која има 1 регион и крева востанија за ослободување и на другите региони. Но за среќа на OНЕ Македонија и Србија ќе ги избрише овие планови 🙂



Тоа е се од нас, бидете среќни и борете се до последната капка крв за нашата мила МАКЕДОНИЈА!!!





Исто така за секакви прашања можете да испратите порака до министерството, а исто така можете да дојдете до нашиот ризон канал #emkd-info.

Министерство за информирање

Министри: svetecot, Makedonecc (Кате), Girl from MACEDONIA и rolerpro