Типчиња......

Day 1,536, 16:00 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Типчиња


Се започна на Oct 17, 2010 со реклама на Сител подготвена од Сарметина. Влегов на оваа игра наречена стратегија чепкајќи лево десно да видам за што се работи и како се игра. Правев грешки почетнички како и сите, отпрвин ми стигаа пораки од некои типчиња за помош која великодушно ја одбивав бидејќи сум научен кога нешто правам сам да правам и да идам нагоре (така ми е поинтересно).

Во играта за оваа година ипол од како пичнав да ја играм, сретнав разни типчиња и беше многу интересно да се гледа што се истите се подготвени да направат за да се осеќаат важни и да им аплаудираат т.е. да ги викаат Hail...

Отпрвин бевме млада држава но перспективна, не искварени играчи дојдени да се борат за својата држава во рамки која истата ги овозможува со своите правила..

Типчињата штедеа, го држеа курсот на златото висок за да може државата да има средства и се подготвувавме за војна која кога тогаш ке дојде...

Дојде и војната, сите со елан се бореа и дадоа својот максимум, во таа војна не покори противникот и сето онаа што беше заштедено отиде у неповрат...

Истите типчиња потоа не убедуваа дека се отишло на “стански тенкови” али колку и каде отишло сето тоа никогаш не е спомнато...

Во тоа време немаше фирми како денес и беше мисловна именка да маваш со тенк Q5, тоа беше привилегија за малкумина кои на ралични начини си заработиле на време Q5 фирми...

Некаде у тоа време се створија и први воени организации како државни така и паравоени..

Државните воени организации (Тигри, Лавови):
Иако у тоа време НБМ беше полна со пари и со голд, тогашното раководство т.е тогашната еВлада со образложение дека членови во овие организации биле слаби и не им требало да маваат со Q5 затоа немало потреба да се отвараат Q5 фирми за Оружје и Храна.

Како и да е таа ера дојде и пројде...

Во тоа време постарите типчиња како поискусни почнаа да се мултираат, некои си заработија богатство за катко време така да во еМакедонија почна пополека да доаѓаат јаки акаунти од соседни земји кои се еМакедонизираа по некое чудо и станаа топ еМакедонци..

Се јави нова појава до тогаш не позната за нас нови играчи Мултање и купување акаунти..

Додуша имаше едно типче кое цело време викаше дека нашата сила треба да е бројност и дека треба да гледаме од јужните што се случува со држава која се ослонува на тенкови но во тоа време главните типчиња го исмејуваа и го правеа будала...

Како и да е и таа ера заврши...

Следни на ред типчиња кои се појавија се оние на кои им течеше мед и млеко во статии, најдоа формула како да бидат топ типчиња, им се упикаа на постарите и добри играчи
крадејќи им ги идеите и плановите за потоа да ги претстават како свои идеи и планови за еМакедонија за да бидат главни типчиња

Овие се посебна категорија кои се у топ само ако е сигурно во држава дека ќе победуваме кога е опасно бегаат како ѓавол од крст. Ако случајно не успеат во своите намери паѓаат одма у депресија заради неостварени цели во игра (повторувам игра).

Одкако пројде овој период актуелно стана да си дел од HQ на сојузот, така да се појавија типчиња кои беа во состојба и да наштетат на еМКД само да го има нивното име таму без оглед што нивниот збор беше заден те служеа само да ги насочат останатите кон цел која им ја диригираа одозгора...(така наречени Пиуни)

Истотака се појави и алчност, така да се појави и нова категорија типчиња кои трчаа од единица во единица во зависност од тоа која од единиците ќе им даде повеќе тенкови, оваа категорија ми се и најинтересни и ги нарекувам е*иветри...

Денес тогашните нови типчиња се веќе искусни играчи, научија од постарите па се претворивме во земја на мулташи, е*иветри, себични итн. Ако некој имаше прилика малку да разгледува по фирми (пред најновите промени) на одредени играчи можеше да забележи енормна бројка на мулти што се вртат низ истите, исто се случува и на маркет каде масовно се перат пари од мулти акаунти.(т,.е имаат Q6 фабрика а немаат Сторге)

Така од една прекрасна земја која беше сила дојдовме до земја без идеии што и како понатаму и се вртиме се во круг. Оние што имаа идеи или се откажаа , се на двоклик или пак не ги интересира да прават планови кои истите некој друг им ги презема и се кити со нив а за возврат ги исмејуваат...

А можеше се да биде многу поразлично ама какви учители такви ученици....

Поздрав Македонијо....