Македонија вечерва игра против Данска!

Day 1,523, 00:31 Published in North Macedonia North Macedonia by LiCheNnN

Првиот противник на избраниците на Звонко Шундовски е репрезентацијата на Данска. За македонските ракометари нема многу време за славење и опуштање. По фантастичната борба за победа над Чешка, што им го визира настапот во втората рунда на ЕП, што ќе се одржи во Белград, избраниците на селекторот Звонко Шундовски имаа само еден ден одмор. Веќе од денеска продолжуваат борбите на 12-те најдобри во Европа. Првиот противник на македонските ракометари вечерва во Белградска Арена е репрезентацијата на Данска, в понеделник играме со Полска, а в среда ќе ги одмериме силите со домаќинот Србија.



Македонските репрезентативци во еден глас порачуваат дека и во оваа фаза ќе има што да покажат на паркетот, иако овој пат противниците се навистина силни.
Сепак, веруваме во нова добра и храбра игра на нашите ракометни момчиња, како и во групната фаза, независно каков ќе биде конечниот резултат.

Се очекува навивачката македонска фаланга да им даде поддршка на своите миленици и во Белградска Арена, бидејќи тоа ќе им биде потребно на натпреварите на кои се решава за пласман и распределба на трофеите.

Од српската престолнина порачуваат дека се уште има билети за натпреварите што можат да се купат по цена од 1.000, 1.500, 2.500. 5.000 и 8.000 динари (од 10 до 80 евра). Туристичкиот сојуз на Белград, задолжен околу организацијата на подготовките за пречек на бројните навивачи, нагласува дека во "Арената" има околу 70% слободни места.

Влазниците можат да се набават на продажните места во Белградска Арена, Благајната на ТЦ Ушќе, Салата на Домот на Синдикатите и книжарницата "Вулкан".
Сепак, доколку сакате да уживате во ракометната фантазија тогаш ќе морате да побрзате со обезбедување на влезниците.
- За денеска ни е најавена огромна резервација на билети од Македонија, Но, имаме и поединечни резервации од Македонци кои сакаат да дојдат од западноевропските земји, информираат туристичките менаџери од Белград.

Разгласи: Македонија вечерва игра против Данска!
http://www.erepublik.com/en/edit-article/-1-1950353