ОНЕ, Стратегија

Day 1,506, 16:10 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Значи доста беше плачење и кукање по Турците, отишле што отишле си најдоа изговор за да преминат во друг табор (ако некој ја погледне мапата и добро проанализира ќе види и зошто) за да имаат 10/10 ресурси. Не им е првпат, така да Тројански коњ за сојузник не ни треба, таквите удираат нож во грб кога најмалку се надеваш, така да посакајте им со среќа нов сојуз и ајд у ПМ.

Денес ако ништо друго покажавме заби, и многу нормално е да изгубиме кога се настрвиле 4-5 земји. И колку и да сме јаки сами ништо не може да направиме. Помош од сојуз немаше освен од Унгарија која се покажа како добар сојузник и помогна иако и тие се во слични го.на како нас.

Како што реков пред некое време рибата секогаш смрди од главата, затоа и оваа статија ќе повторам некои работи што ги повторувам последно време.

Сојузот ОНЕ и “водачите” (намерно под наводници) кои не знам кој и како ги бира, докажаа дека се зафатени со меланхоличност и безидејност. Веќе долго време нема никаков план, стратегија, статија било што за да дигнат морал во сојузот.
Сојузот ЕДЕН ги гази сите земји од нашиот сојузот една по една, а од наша страна нема никаков одговор на нивната стратегија. Штом нешто не штима треба да се менува и тие главните во ОНЕ не се незаменливи.
Нека се соберат претседатели на еден состанок и нека направат нов HQ со играчи кои сакаат да работат и да оправат колку толку се што претходните упропастија.

Значи треба реформа у ОНЕ а за таа реформа најповикани се претседатели на држави затоа што тие се одбрани од народот и најдобро ќе ја представат својата земља.


-Втора работа што не ми е јасна:?!?!?
Имаме толку играчи што играат по 2 и повеќе години па зар ништо друго не научивте освен правење голд, мулти акаунти и гледање свој интерес?

Кога е жестоко треба да се направи добра анализа и план а борење на 3 фронта + РВ не е никаков план особено ако во тоа помагаат уште земји како Бразил, Кина, УСА.

Зарем до толку не може да се направи план за одбрана кога се знае дека доле кај што сме сега нема шанси да победиме?

Е сега некој ќе каже после битка сите се генерали, но оваа се знаеше веќе 2 недели однапред напишано сценарио на кое барем по мене не беше даден добар одговор.

По мене требаше да оставиме се и да удриме НЕ на двоцевките а нашите “браќа” да ги удираме кај највеќе ќе ги боли -- по ресурсите преку РВ.

Дај соберете академијата назад нека отворат мапа и нека направат стратегија како најдобро да одговориме на гњидите што сакаат да не освојат затоа што нивниот план предвидува долго да не држат под окупација.

Поздрав Македонијо