Распашана Команда

Day 1,490, 09:01 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Во последно време сме сведоци на се послаба присутност на играчи во играта. За почеток ќе дадам неколку факти за кои верувам многумина ќе се сложат дека се случува во сите единици

Факти:

1. Зголемена неприсутност на членови во единиците
2. Играчи доаѓаат во единица затоа што повеќе им се исплати да земаат тенкови одколку да работат за плата
3. Самоволие на членови (пукаат кај и кога им текне)
4. Бркање Мерсенари медали
5. Пукање за други земји поради донации


Вчера за првпат се појавив на канал Фаланга и за жал ситуацијата што ја видов воопшто не ми се допадна. Повеќе од играчите што беа таму веќе поседуваат тенкари а чекаат државни тенкови за да маваат (трагикомична ситуација).
Втора работа што не ми се допадна е наредби на армиски канал и молење за 2-3 кила со ветување тенкови за удари, ако сме дошле до ситуација да маваме само ако ни дадат тенкови тогаш подобро е нека не поробат барем тогаш можеби на некои ќе им дојде од долното во глава каде и зошто треба да маваат.

Што може да се поправи...



Вчера пуштив еден шаут дека главната вина треба да се бара кај командантите на единици, не кај мод, претседател итн., туку кај оние што ги водат единиците.

Еден од моите предлози е за состанок на сите водачи на единици на затворен канал каде што може да се дадат идеи за подобро функционирање и за зголемување на ударна моќ со оние играчи кои се уште се активни.

Друг предлог е да се направи онлајн ворд документ каде пристап ќе имаат само команданти на единици, секој играч кој ќе биде избркан од единица заради непослушност да биде ставен во тој документ и ниедна, повторувам, ниедна единица да не го прима.

Сите што не почитуваат наредби да се санкционираат со некупување нивни производи од маркет и бришење од пријатели. Кога веќе сакаат да пукаат како им текне нека останат сами и нека прават што знаат сами.

Многу пати имам повторено дека најважен елемент во играта е бројност кој за жал кај нас постојано се намалува, затоа мислам дека клучот за подобра организација со играчи што ги имаме сега е кај командантите и затоа треба состанок со команданти а не нивни представници. Оваа иницијатива треба да се организира од страна на претседателот и модот на посебен канал па можеби кога ќе се соберат клучните фигури во еМКД и организацијата ќе ни биде подобра и нема да пуштаме шаути цело време а на арми канал да имаме само 60 играчи.

Ова е многу важна работа да се направи пред да дојдеме до Кина...

ПанзеР знае како мава Кина и можам да кажам дека Грците при нивното најголемо тенкање против еМакедонија се гола вода.