Кире Лазаров царува во ЛШ !

Day 1,457, 13:31 Published in North Macedonia North Macedonia by LiCheNnN

Кире Лазаров уште еднаш покажа дека дуелите од Лигата на шампионите му претставуваат посебна инспирација, па македонскиот ас го предводеше Атлетико Мадрид до нов триумф во рамките од елитното европско натпреварување. Шпанскиот тим славеше со убедливи 29-37 на гостувањето во Полска против тимот на Киелце, со што Атлетико се задржа на првото место во групата, со четири победи и едно реми по првите пет кола.



Лазаров уште еднаш беше вистински лидер на составот на Душебаев постигнувајќи осум погодоци, исто колку и Маркусен. Со тоа, македонскиот репрезентативец уште еднаш потврди дека се наоѓа во извонредна форма, на само два месеци до почетокот на ЕП 2012 во Србија, на кое што токму Лазаров треба да биде наш главен адут во обидите да се стигне што подобар пласман на овој шампионат.