До кога?!

Day 1,442, 04:50 Published in North Macedonia France by Princess Emily
Случувањата овие денови ме испровоцираа да напишам статија, т.е. да посочам нешто. Статијата на Струмјанин отвори стари рани за никогаш непреболеното злато кое после мандатот на Драш го немаше (исчезна, го поделија, го потрошија, но тоа не е предмет на оваа статија), а за кое имам слушано и пред да се регистрирам. Значи, тие што плукаат и обвинуваат некого за златото... помислете дека тоа злато не е дадено од вашиот џеб. Тоа било државно злато, државни пари, раководени од претседател кој вие сте го избрале (јас тогаш не играв). Зарем владите во РЖ не трошат народни пари? Со самото одбирање на претставници во власта, ние им даваме можност, грубо кажано, да си земат пари од Народна Банка и да си отидат во некоја држава и да не ги видиме никогаш повеќе блиску еМакедонија. Во случајов, ние добивме отчет каде се трошело златото, тогаш биле поинакви модулите, и премногу голд се фрлило за ништо. Земете малку прошетајте по медиумскиот простор, прочитајте нешто, па после коментирајте...

Во секој случај, било што било, преболете го тоа злато. GET OVER IT! Можевме да имаме најсилна армија, можевме да бидеме посилни, можевме она, можевме ова... епа можевме, сега не можеме. И крај. Минатото не се враќа, тоа сите добро го знаеме. Значи, преболете. Било и поминало.

Следно, секој сам најдобро знае како и што со своите пари. Зар е правилно да дојде некој и да почне да навредува дека тој што троши пари во играва е искомплексиран, нема реален живот и слично? Тоа се одлуки на луѓето чии пари се, а плукачите секогаш ќе постојат.

Имаше еднаш некој напишано статија...
Чии пари трошат нашите тенкови?
Или се твои или не се твои. Ако се твои, и ако не си му ги дал самиот, тогаш повикај полиција. Ако си му ги дал, тогаш размисли подобро нареден пат пред да му дадеш пари.
Ако не се твои парите, тогаш нема зошто понатаму да дискутираме...

И уште нешто. Никогаш не знаете што имате пред да го изгубите. Не зборувам само за луѓето, зорувам за слогата, разбирањето, братството што треба да постои меѓу припадници на еден народ. И сакаме да ни сменат име? Како ќе ни сменат име? Со препукувања меѓу себе? Размислете...

Посветено за тие кои се препознаа во текстот...