Македонија со победа ги започна квалификациите за женското ракометно ЕП

Day 1,430, 03:58 Published in North Macedonia North Macedonia by LiCheNnN

Македонија со победа го отвори квалификацискиот циклус за ЕП кое во 2012 ќе се одржи во Холандија. Убедлива и очекувана победа на премиерниот меч од новите квалификации, репрезентацијата на Македонија за противник ја имаше селекцијата на Литванија



Тим во кој има едно познато име, Соната Вијунаите, екс ракометарка на Хипо, неколку имиња кои ги препознаваме од претходни квалификации и остаток од тим за кој навистина е проблем да се изговорат имињата.
Гостинките се претставија во допадливо издание на стартот на натпреварот. Одбраната, сепак, е нивна далеку послаба страна, а тоа македонските ракометарки знаеја да го искориститат и имаа само еден утнат шут од првите осум, но предноста по 10 минути беше само 2 разлика.

МАКЕДОНИЈА - ЛИТВАНИЈА 34:25 (17:12)
Сала:"Кале" во Скопје. Гледачи: 1000

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП
ГРУПА "1"
Унгарија - Азербејџан 41:19
Германија - Белорусија
ГРУПА "2"
Србија - Грција 36:28
Романија - Португалија 35:24
ГРУПА "3"
Ц. Гора - В. Британија 34:18
Русија - Полска 32:21
ГРУПА "5"
Австрија - Чешка синоќа
Шведска - Словенија денеска
ГРУПА "6"
Хрватска - Италија 39:14
Данска - Словачка синоќа
ГРУПА "7"
Украина - Швајцарија 31:20
Шпанија - Исланд денеска