Македонските навивачи јуришаат на Ниш - нема веќе билети за ЕП во јануари

Day 1,405, 04:02 Published in North Macedonia North Macedonia by LiCheNnN
На четири месеци пред почетокот на европското првенство во ракомет што ќе се одржи во Србија, продадени се сите билети за средбите од групата Б во Ниш каде што ќе игра македонската репрезентација, соопшти ракометната федерација на Србија.



Во салата во Ниш се очекува вистинска инвазија од македонски навивачи па така македонските ракометари ќе се чувствуваат како да играат на домашен терен. Останати се само неколку влезници во ВИП ложата кои мораат да бидат достапони до стартот на ЕП.
Салата Чаир во Ниш е со капацитет од 4.000 места. Македонија во групата Б ќе се судри со репрезентациите на Германија, Шведска и Чешка, а турнирот почнува на 15 јануари следната година.