Македонските кошаркарски легенди пристигнаа во Скопје

Day 1,399, 03:09 Published in North Macedonia North Macedonia by LiCheNnN

Околу 11.30 часот македонските кошаркарски легенди пристигнаа на скопскиот аеродром “Александар Велики“ предводени од капитенот Перо Антиќ.

На аеродромот прва ги пречека министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и илјадници обожаватели кои дојдоа на аеродромот.

Капитенот Перо Антиќ изјави дека не им треба никаков медал по ваков пречек, и дека македонските граѓани се нивниот медал.

Владо Илиевски ја повтори славната изјава со која ги насмеа и расположи сите присутни обожаватели на аеродромот кои повторуваа по него “Леле, луѓе, што направивме?“...