[Амбасадор еБугарија] - еБезработник

Day 1,289, 14:50 Published in North Macedonia Ireland by MeDs.

[Амбасадор еБугарија] - еБезработник

Точно пред 16 дена во статијата на македонското МНР на големо задоволство прочитав дека е прифатена мојата апликација за амбасадор во еБугарија.

Како дописник од нашите источни соседи објавив три статии каде што го претставив тимот на Струмјанин, како и статии во кои што беа разгледани моменталните ситуации и насоки на движења на еБугарија

1.eМакедония посолство / eMacedonian ambasador

2. [Амбасадор еБугарија] - еБугарија разочарана

3. [Амбасадор еБугарија] - еБугарија бара излез

Но после денешните случување, одбраната на Мармара од страна на еТурција, како и целосното освојување на еБугарија од страна на еСрбија, јас останав без работа 😐.



Кога нема држава, нема за што да се известува.

За таа цел го молам еМакедонското МНР да ми најде нова работа, или да ме прати во еХрватска или еГрција.... Се чуствувам како Снежана Лупевска (во машка варијанта), каде сум јас, таму гори пеколот 🙂

P.S Оваа статија не е наменета да ја исмева еБугарија или нејзините eграѓани, туку e пример како на поинаков начин да се прикаже моменталната ситуација во еБугарија.

Иако сме на две различни страни, сепак чуството да ја нема твојата матична земја од мапата на играта не е баш пријатно.


Дописник од еБугарија
MeDsLeinad