[Амбасадор еБугарија] - еБугарија бара излез

Day 1,284, 07:06 Published in North Macedonia Ireland by MeDs.

Во предходниот мој допис за моменталната ситуација во еБугарија, најавив нова статија од еБугарскиот третседател Тодор Тотев.

После освојување на Софија од страна на еСрбија, претседателот на еБугарија, излезе со официјален извештај за моменталната ситуација и следните можни планови и чекори на ебугарската влада.

Разочарани од внатрешниот односи во ЕДЕН, и неспојувањето на сојузите ТЕРА и ЕДЕН во еБугарија се разгледуваат можностите за проширување на своите територии.
Во медиумскиот простор се пласираат две можни сценарија

1. Прогласување на еМакедонија за ПН, со тоа што би и помогнале на еГрција во војната. И можноста да еХрватска ја прогласи еМакедонија за ПН со што еМакедонија би водела битки на повеќе фронта (3 востанија; Швајцарија, Италија и Грција и 3 војни; Грција, Хрватска и Бугарија).

2. Прогласување на еТурција за ПН со тоа што би можеле за краток период да оддложат нивното бришење од мапата.

Сепак можен излез од сета ситуација претседателот Тотев гледа во војна со еТурција.

Главен приоритет им е враќање на Софија, и секако потпишување на мир со еСрбија и ставање крај на војната.

Моменталниот резултат во Видин е 2-0 за еБугарија. Светла точка кај бугарскиот народ

Големо внимание во статиите привлекува наводниот бојкот од страна на еГрција во војната со еМакедонија поради купување на акаунти од страна на македонските играчи. Дури во еден весник се појави статија со порака да се репортираат акаунтите на ScymeX и AexilKong.

Како ќе се одвиваат работите останува времето да покаже.

Дописник од еБугарија
MeDsLeinad