Цивилите заслужуваат рефунд ? ( реобјава)

Day 1,236, 02:02 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970

На оваа статија сакав да и дадам друг наслов , но кога размислив реков да не ја догревам и така вжештената атмосвера од вчера- кога летаа низа обвинувања за тоа кој е виновен за поразот 🙂
Како прво сите треба да научиме да губиме и доволно е да се потсетиме во каква состојба бевме пред 3 месеци и да заклучиме еден пораз не значи изгубено првенство и не треба веднаш со меѓусебни обвинувања да се прави раздор меѓу нас.
Играва ја започнав заедно со двајца колеги од работа и во завчерашно- вчерашната битка се вклучивме заедно при што се потрошивме прво првиот ден во трета и четврата (битка за Софија) и следниот ден во одлучувачката последна битка . При што потрошивме заедно 600 здравје и по
12 -14 Q5 тенка кое претворено во голд( заедно со чебчето) изнесува околу 5 . Значи еден работник во еРепублик заработува грубо 7-8 голд од плата месечно и ако за да преживее и да направи мал тренинг му одат преку 3 голд месечно ( каде се бустери ? ). Можеме да заклучиме реално никој не може да учествува во повеќе од 2-3 озбилни битки во еден месец .
Бидејќи никој до сега (барем јас не сум прочитал) не се обиде да ги објасни овластувањата и одговорностите на конгресот , на председателот и владата.Незнам од кого да побарам да поработи и на тоа и да цивилте добиваат рефунд строго во оружје за да можат повеќе да придонесуваат во битките. Бидејќи во претходните битки беа истите доста фалени .Исто така цивилте т.е работниците се тие што највеќе ја полнат државната каса и еве шанса нешто од тие пари да добијат назад.
За да се оствари ова прво мора да се направи попис на населението неговата бројност,сила и ранк и врз база на добиените податоци да се дели оружјето , нормално тие со поголема сила да добијат повеќе оружје и со добивање на истото да се дадат наредби каде и во која рунда истото да се употреби.
Знам сега некој ќе каже приклучете се во паравоените единици и сл , Mорам веднаш да кажам дека поголемиот дел од цивилите немаат толку слобоно време како и незанемарувачки дел се постари со над 30 години и бидете сигурни не би слушале наредби од некое детиште во стилот нави сат во 3 по полноќ и вклучи се во таа битка 🙂.
Се надевам дека некој од надлежните ќе го прочита текстот
П.С идејата со резервисти е добра 🙂