На циливите ги следува рефунд ?

Day 1,235, 09:56 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970

На оваа статија сакав да и дадам друг наслов , но кога размислив реков да не ја догревам и така вжештената атмосвера од вчера- кога летаа низа обвинувања за тоа кој е виновен за поразот 🙂
Како прво сите треба да научиме да губиме и доволно е да се потсетиме во каква состојба бевме пред 3 месеци и да заклучиме еден пораз не значи изгубено првенство и не треба веднаш со меѓусебни обвинувања да се прави раздор меѓу нас.
Играва ја започнав заедно со двајца колеги од работа и во завчерашно- вчерашната битка се вклучивме заедно при што се потрошивме прво првиот ден во трета и четврата (битка за Софија) и следниот ден во одлучувачката последна битка . При што потрошивме заедно 600 здравје и по
12 -14 Q5 тенка кое претворено во голд( заедно со чебчето) изнесува околу 5 . Значи еден работник во еРепублик заработува грубо 7-8 голд од плата месечно и ако за да преживее и да направи мал тренинг му одат преку 3 голд месечно ( каде се бустери ? ). Можеме да заклучиме реално никој не може да учествува во повеќе од 2-3 озбилни битки во еден месец .
Бидејќи никој до сега (барем јас не сум прочитал) не се обиде да ги објасни овластувањата и одговорностите на конгресот , на председателот и владата.Незнам од кого да побарам да поработи и на тоа и да цивилте добиваат рефунд строго во оружје за да можат повеќе да придонесуваат во битките. Бидејќи во претходните битки беа истите доста фалени 🙂.Исто така цивилте т.е работниците се тие што највеќе ја полнат државната каса и еве шанса нешто од тие пари да добијат назад.
За да се оствари ова прво мора да се направи попис на населението неговата бројност,сила и ранк и врз база на добиените податоци да се дели оружјето , нормално тие со поголема сила да добијат повеќе оружје и со добивање на истото да се дадат наредби каде и во која рунда истото да се употреби.
Знам сега некој ќе каже приклучете се во паравоените единици и сл , Mорам веднаш да кажам дека поголемиот дел од цивилите немаат толку слобоно време како и незанемарувачки дел се постари со над 30 години и бидете сигурни не би слушале наредби од некое детиште во стилот нави сат во 3 по полноќ и вклучи се во таа битка 🙂.
Се надевам дека некој од надлежните ќе го прочита текстот