конгресот решил да го цеди работикот :) реобјава

Day 1,232, 00:28 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970
Поради тврдење на претседателот дека конгресот без негово знаење ги поднел новите закони ја oбјавувам модифицираната верзија на мојата претходна статија
Значи предложени се три нови закони а сигурно ќе се изгласаат , со кои се предлага качување на ддв то за основните три артикли во играва карти леб и оружје и тоа од 5 на 15 % освен за лебот кој беше 8 а сега треба да биде 15%
Основната цел е јасна полнење на државната каса ама пак на грбот на работникот.
Значи драги господа работници пак ќе се удри од наша глава цените ќе си отидат нагоре газдите ќе си го земат својот дел државата исто така а ние работничката класа ќе си свиркаме и талкаме гладни по улици и ќе го гледаме Q5 лебот само на излог 🙂
Кои се скриените намери со оваа мерка ??? Голем дел на помладите играчи кои немаат фирма ( напишав пред 20 дена ) со отварањето на маркетот доаѓаа до екстра заработка преку истиот со начекување на поевтини производи и чекаа погоден момет истите да ги препродадат по повисока цена. Од ова добиваа сите прво државата си зема ддв од секоја трансакција а истовремено се намали бројот на тие што отваат фирми , бидејќи на овој начин работниците заработуваа без да отворат фирма . Со овај закон да не речем декрет ( никој не најави ) се намалува можноста за препродажба бидејќи сега треба да е навистина голема разлика во цена за да се дојде до некој екстра профит .
Се разбира профитираат постарите играчи односно тие со повеќе фирми бидејќи сега ќе нема турканици на маркетот и истите комотно ќе можат да си ги продават производите по која цена сакаат ( и скромната плата на работникот веднаш да се врати во истиот џеб од кај што е дојдена ) 🙂
Драги господа ова ќе доведе до силна држава ама без работници бидејќи истите или ќе отворат фирма ( и пак ќе има многу роба на маркетот без купувачи ) или ќе ја напуштат играта ( па нека си играат тие 30 сетина души ) сами 🙁
Навистина чудно зар не свативте дека ова е колективна игра и дека победуваш како држава ( заедница ) а не како поединец
Статијава ќе ја објавувам повеќе пати за да ја видат што повеќе работници – немој некој да се бунел 🙂