Претседателот пред заминување реши да го исцеди работиникот !

Day 1,231, 09:25 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970
Господа еден куп статии беа изнапишани како го фалат претседателот на заминување
Секоја чест човекот даде се од себе за да во својот двомесечен мандат не доведе до овде каде што сме да контролираме 20 сетина територии ( не ги ни изброив 🙂 Но на крајот ја оплеска ?? 🙁
Предложени се три нови закони ( навистина не од него- ама сигурно знаел ? )со кои се предлага качување на ддв за основните артикли во играва карти леб и оружје и тоа од 5 на 15 % освен за лебот кој беше 8 а сега треба да биде 15%
Основната цел е јасна полнење на државната каса ама пак на грбот на работникот.
Барем можеле да почекаат еден уште еден ден човекот да си отиде на мир на заслужена пензија 🙂
Значи драги господа работници пак ќе се удри од наша глава цените ќе си отидат нагоре газдите ќе си го земат својот дел државата исто така а ние работничката класа ќе си свиркаме и талкаме гладни по улици и ќе го гледаме Q5 лебот само на излог 🙂
Кои се скриените намери со оваа мерка ??? Голем дел на помладите играчи кои немаат фирма ( напишав пред 20 дена ) со отварањето на маркетот доаѓаа до екстра заработка преку истиот со начекување на поевтини производи и чекаа погоден момет истите да ги препродадат по повисока цена. Од ова добиваа сите прво државата си зема ддв од секоја трансакција а истовремено се намали бројот на тие што отваат фирми , бидејќи на овој начин работниците заработуваа без да отворат фирма . Со оваа мерка се намалува можноста за препродажба бидејќи сега треба да е навистина голема разлика во цена за да се дојде до некој екстра профит .
Се разбира профитираат постарите играчи односно тие со повеќе фирми бидејќи сега ќе нема турканици на маркетот и истите комотно ќе можат да си ги продават производите по која цена сакаат ( и скромната плата на работникот веднаш да се врати во истиот џеб од кај што е дојдена ) 🙂
Драги господа ова ќе доведе до силна држава ама без работници бидејќи истите или ќе отворат фирма ( и пак ќе има многу роба на маркетот без купувачи ) или ќе ја напуштат играта ( па нека си играат тие 30 сетина души ) сами 🙁
Навистина чудно зар не свативте дека ова е колективна игра и дека победуваш како држава ( заедница ) а не како поединец
Статијава ќе ја објавувам повеќе пати за да ја видат што повеќе работници – немој некој да се бунел 🙂.