Магацинот нуди можности !

Day 1,212, 11:06 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970
Драги мои магацинот е новина во играва ( со одредени недостатоци -нема едит) сто најмногу ми се допадна .
Сега секој може да биде ''бизнисмен'' , значи може да купува и складира поголема количина на производи и суровини , да не трча секои пет минути на маркетот по лебче и на крај купеното поевтино да го продаде поскапо !
Значи до сега беше производител-трговец во едно сега може некој да биде само производител а поспособниот трговец може да начека нешто поевтино и да го чува а потоа во одреден момент да го продаде.
Најголемата придобивка е тоа што игрaчите веќе немораат да имаат фирма ( ги имаме премногу) за да тргуваат и остваруват профит , што значи и работникот кој заштедил некоја паричка може да дојде до екстра профит.
Истотака државата собира повеќе даноци , бидејќи секоја трансакција сега е легална ( нема договарања по канали-нелегална трговија)исто така умира бизнисот за преварантите од типот ДДР32 и другите , бидејќи секој може се да си го понуди легално на маркетот( немора да се договара во четири очи 😁
Значи од ова добиваат сите пред се мора парите да се активираат,кога истите стојат под перница не вредат !!! сега секој може да инвестира со тие инвенстиции ќе напреднеме сите 🙂
Знам дека 20 сетина души кои имаа монопол над некои бизниси ќе им секне изворот ама тоа е тоа 🙂 нема љутење