Ни требаат повеќе сојузници ?

Day 1,209, 11:49 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970
Овој пат вашиот весник ќе скршне од неговата тема "работникот" и ќе се обиде на направи мала анализа околу најавената војна со еИталија.

Гледам по статиите на повеќе весници дека многу млади играчи се убаво "загреани" демек многу лесно ќе го препливаме јадранско море и ќе им освоиме на Италијаните дел од нивните територии со надеж дека можеме долго да ги држиме.!
Релативно кратко време сум во играта (можеби грешам) ама доста редовно ги читав весниците пред се нашите и заклучив дека можеби лесно ќе ги вратиме Италијаните на нивната територија ама многу тешко ќе преминеме преку Јадраско море ?
Главниот фактор кој ќе ја одлучи таа битка е еПОЛСКА-држава со која се обидуваат надлежните да воспостават добри односи !. Тие што се со добро памтење ќе се сетат дека пред околу месец дена еСловенија и еФранција беа длабоко навлезени во територијата на еИталија. Тогаш на сцена стапи еПолска која пријателски ја советуваше на еСрбија да не ги помага еСловеците ,бидејќи истата има многу добри трговски и партерски односи со Еиталија ( увезуваат од неа Риба ! ).За возват Србите добија помош и подршка за нивно напредување и поминување низ западна европа кон еАнглија.Додека ЕСловенија не само што беше протерана од еИталија туку ги загуби и своите територии.
Значи предупредувам дека може да се случи истото и да ја немаме потребната помош од Србите кога ќе треба да прејдеме преку Јадранското Море.
Затоа надлежните мора во наредните денови да направат сојузи пред се со Франција , Англија и Иран - ако има вишок пари може и со што повеќе други држави.