Гласање: Чат канал за работа и работници на еМакедонија

Day 1,198, 07:34 Published in North Macedonia North Macedonia by iksimkd


По една кратка дискусија на каналот на еМакедонија, #eMKD, се отвори идеја и желба на неколкумина еМакедонци да се отвори канал за работа, односно канал на кој што сопствениците на фирми во еМакедонија ќе можат да бараат работници, да се договорат за плати и сл.
А оние кои немаат фирми ќе можат да бараат фирми во кои ќе се вработат и ќе се договорат за условите ( плата и сл. )

Значи оваа статија ја отварам со цел вие, граѓаните на еМакедонија да гласате дали мислите дека би било добро и дека треба да постои ваков канал.

Гласајте или преку Vote копчето ( воедно ќе може и сите еМакедонци да видат доколку статијата излезе во Топ 5 ) или оставете коментар со "ДА" или "НЕ".

Доколку имате некои други забелешки или предлози во врска со ова прашање истотака оставете ги во коментарите.

Доколку се соберат повеќе од 50 гласови каналот ќе биде отворен!

Секогаш ваш,

iksimkd