Гласот на Македонија

Day 1,196, 15:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Tomevski


Поздрав Македонци 🙂



Ги читам македонските но и странските статии и еве мое гледиште на ситуацијата во која се наоѓаме:

Додека во новоформираниот сојуз NWO, Србија, а можеби и Унгарија вршат притисок да им се придружиме и ние, Шпанија и Полска се под притисок од Грција која е постара и посилна еДржава од нас тие да влезат од сојузот но ние да не бидеме член на NWO.
Доколку некој Србин го прочита ова, по можност со некоја функција би го замолил да ни ја појасни ситуацијата бидејки ова не изгледа на добро 😕



Втората тема за која би зборувал е борењето за Турција!?
Турција е држава со која бевме и сеуште сме во сојуз, а јас би сакал и да останеме, но дали ја правиме вистинската работа во моментот??
Турција влезе во новиот сојуз Panam, мал дел од турската популација сака да влезат повторно во сојуз со Србија и Унгарија но поголемиот дел е за борба на страната на Panam. Дали им помагаме на нашите идни противници!???



Томевски 🙂