Предлог нацрт план за АРМ

Day 1,179, 12:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Argead

Предлог нацрт план за АРМ

- Ве молам бидете конструктивни , ова е само МОЈ личен предлог стаен на хартија која се брише и менува

1.Секој ѓраѓанин на е светот може да биде член во некоја од структурите на Арм доколку работи за доброто на е-мкд и ги почитува нејзините закони и норми
2.АРМ ќе ја составуваат повеќе независни единици во чија работа ,организираност , финансии и други видови на внатрешна поставеност нема да се меша државата освен со помагање на истите преку буџетот на АРМ
3.Највисок орган на АРМ е советот на АРМ т.е Генералштабот
4.Генералштабот го сочинуваат предцедателот,министерот за надворешни,министерот за одбрана,министерот за економија и по еден член од секоја воена единица
5.Работата и одлучувањето на Генералштабот се слични на рл Собрание
Има редовни и вонредни седници секој од членовите може да даде предлог и да го образложи , потоа другите расправаат по предлогот и предлогот се става на гласање ( со над 50 % се усвојува предлогот )
6.Буџетот на АРМ е 70 посто од средствата собрани од даноците
7..Одлуката за негово трошење ја донесува Генералштабот
За секоја седница се води евиденција на присутни и се снима разговорот од страна на некој од членовите – овие информации се строго доверливи и се чуваат на одреден маил – објавување на истите е можно само со согласност на 50% од генералштабот
100. Единици на АРМ

Секоја од овие единици мора да исполнува одредени услови ( просечна сила , и број на активни членови )
Секоја единица мора барем во еден мал дел од своето лого да го содржи македонското знаме и текстот АРМ
Секој единица има право на по еден член во генералштабот на АРМ
Единиците се независни во чија работа ,организираност , финансии и други видови на внатрешна поставеност нема да се меша државата
Единиците имаат право преку својот член во Генералштабот да бараат помош и средства од буџетот на АРМ
Единиците имаат право да земаат средства и ресурси како од Буџетот на АРМ така и од државните резерви , по предходна одлука на Генералштабот
Единиците треба да водат евиденција и да даваат еднаш неделно или по потреба ивештај за својата спремност и залихи со цел да се знае одприлика дали и колку можеме да издржиме евентуална војна и сл.

Објаснување на предлогот :
1. Јасна е работата кој сака да помага на мкд е добредојден
2. Поради тоа што:
А. Досега фирмите кај што работеше војската беа на орг. со тоа автоматски се губи 25 % бонусот на продуктивност значи со овој систем секој ден само губиме

Б.Како што можевте деновиве да видите со единицата лавови луѓето се здружуваат помеѓу себе и покрај државните интереси склони се да си ги бранат и интересите на својата единица , затоа секоја нова власт промените што ќе сака да ги направи и евентуално менување на команданти или финансирање ќе предизвикува раскол наместо единство и напредок

Ц. Ова ќе доведе до позитивна конкуренција помеѓу единиците и тие сега за да бидат најдобри ќе треба малку и на сопствената внатрешна економија да размислуваат
( Пример може едни да се одлучат да тренираат со бустери , други без , и да инвестираат во развој на своите фирми , трети да се тепаат само со леб , и тн. )

Д. Во раговор со неколку Српски Команданти дознав дека тие исто го имаат проблемот со фирмите на орг.( им рекле админите дека сега неможат да им ги ослободат фирмите ) и тие биле приморани да отвараат нови фирми кој ги распоредиле на неколку од членовите на единицата

3 , 4, 5 . Значи да се добие на избори не е мала работа затоа предцедателот има право на 3 свои луѓе во генералштабот од кој тука е министерот за економија кој во одредени расправи за трошење на средства од буџетот треба да помага со совети за евентуални решение на Генералштабот што би го пореметило пазарот или сл.
МоФА треба да обезбеди контакт и информации за координацијата со сојузниците
МоД треба да направи план и да ја искоординира војската и единиците

- Значи со ова решение предцедателот кој сепак се менува само на месец дена и нема логика секој месец да се почнува од почеток нема да има мнозинство во Генералштабот но тој со неговите членови битно ќе влијае на одлуките и евентуалните предлози. Со што новите избори ќе донесат нови идеи а не раздор

6 . Бидејќи ова е сепак претежно воена стратегија и бидејќи требаат пари и за други работи

7. Ова е јасно само треба да се дефинира низ разговори кој кога и како ќе свикува заседание на Генералштаб како и потребно мнозинство за одлука , и сл.


Со почит Премиер на еМакедонија Аргеад