Вицови за добра ноќ :)

Day 1,175, 14:34 Published in North Macedonia North Macedonia by bubepacemski

Добро вечер и добра ноќ 🙂

Решив вечерва да напишам неколку вицови ... па прочитајте ги може ке ви се допаднат !

1:Две плавуши разгледуваат фотографии:
- Ова е дедо ми на 11 години.
- Ха! Не знаев дека човек може да стане дедо на 11 години.

2: Две плавуши се расправале:
- Ти си глупача!
- Не, ти си глупача!
Поминал еден дедо и им рекол:
- Не карајте се! Двете сте во право!

3: Дечко и девојка на првиот состанок се испраќаат пред вратата на девојката. Таа го прегрнува и го бакнува за догледање, а дечкото ја прашува:
- Чекај малце, нема да ме викнеш кај тебе горе?
Девојката изненадена:
- Нема, нормално. Никогаш не викам дечковци дома на првиот состанок.
- А на последниот???

4: Трпана налутена го пречекува Трпе, мртов пијан и со кармин по целото лице, на влезната врата:
- Претпоставувам дека имаш добра причина што си доаѓаш дома во 6 саат сабајле!?
- Имам… доручек.

5: Трпе оди кај својот адвокат и овој му вика:
- Слушај, имам лоша и ептен лоша вест.
- Кажи ја лошата прво.
- Трпана дошла до слика вредна 100.000 евра.
- И тоа е лошо!? Која е ептен лошата???
- На сликата си ти со секретарката!!!

6: Зошто плавуша сака да се секса на под?
- Затоа што сака да и влезе до даска.

7: Зошто Чак Норис има запек?
- Страв му е на го*ното да излезе.

8: Си било ѓаолче кое секој ден му викало на Трпе:
- Денеска мочкавме?
- Не. -рекол Трпе.
- Епа ај пак да мочкаме.
Така правело секој ден и Трпе решил да оди на доктор за да најде решение:
- Што да правам докторе?
- Па речи му мочкавме.
И го начекал пак ѓаолчето:
- Денеска мочкавме?
- Мочкавме.
- Епа ај сега да какаме.

9: Седеле двајца министри во владата и тогаш едниот му вика на другиот:
- Што си се замислил, кај си се загледал низ прозорец?
А другиот му одговара:
- Еве гледам А1 во живо.

10: Мујо и Хасо разговараат, и Мујо го прашува Хасо:
- Абе ти што работеше, што зимаш толкава плата !?
- Абе бришам прашина од атомска бомба…
- Леле, и што ако пукне ??
- Па што ми е гајле, не е моја.


И сега добра ноќ и не заборавајте да направите Vote & Sub 🙂

Поздрав
McKe4eR
bubepacemski