За еМакедонија[прочитајте]

Day 1,157, 09:58 Published in North Macedonia North Macedonia by magicfingers
Насловна

» Поскапуваат сите артикли на маркетот.
» Воена состојба
» Последните промени во еРепублик
» Спорт(чисто да се потсетиме дека еРепублик е само игра)
Во продолжение следуваат неколку зборови за секоја од горенаведените точки.
1. Поскапуваат сите артикли на маркетот
Како што можете самите да забележите дека скоро сите(ако не и сите) продукти на нашиот еМаркет поскапуваат и тоа многу брзо. На што се должи тоа? - Според мене тоа се должи на недостигот на ресурси(жито и сл.). Главното прашање е до кога ќе продолжи ова е*ано покачување, да се предземат некои мерки не би било лошо.
2. Воена состојба
Веќе се навикнавме на секојдневни војни со Бугарија. Една битка во наша, една во нивна корист. Зарем на овој еНарод не му треба малку одмор од сите тие настани? Се мобилизираат еВојници и други "чуда".( се разбира одмор после освојување на териториите кои припаѓале на етничка Македонија 😁
3. Последни промени во еРепублик
Чисто прашање: Дали мислите дека новите промени во еРепублик се добри за еГраѓаните или не се? (на секој дигнат левел по 1 голд и сл...) Вашето мислење за понатамошниот развиток на еРепублик и за новите три земји во играта.

4. Спорт -кратки спортски вести во кој се опватени само најважните настани 🙂

* Фудбал
Интер се поблиску до врвот во Серија А

Шампионот на Италија, екипата на Интер со новите три бодови освоени во заостанатиот натпревар од 16.коло на Серија А изби на 4.место на табелата, со шест бодови помалку од лидерот Милан и натпревар помалку.

* Кошарка
На три натпревари од НБА лигата се играше продолжение

На три од вкупно 13 натпревари кои беа на синоќешната програма во НБА лигата победниците се решаваа по дополнителни пет минути, откако во предвидените 48 минути резултатот беше нерешен. Сакраменто - Портланд 90:94, Њу Орлеанс - Мемфис 103:102 и Орландо - Филаделфија 99:98.(конечни резултати)

* Ракомет
Последно коло од првата фаза на Светското ракометно првенство во Шведска

Со денешните 12 натпревари од 5.коло ќе биде комплетирана првата фаза од Светското првенство во ракомет за мажи што се одржува во Шведска.


DON'T FOGET TO: VOTE AND SUBSCRIBE