За еМакедонските Работи

Day 1,125, 16:16 Published in North Macedonia Poland by kojoti2


Инспириран од разни кандидатури решив да ја напишам оваа статија, првин да кажам дека како што реков одамна немам намера да се кандидирам. Јас сум овде како еВојник и си ја најдов својата припадност во организација каде сите сме рамноправни, се забавуваме и никогаш не е досадно.

Сакам да споделам неколку зборови за моменталната состојба во еМакедонија гледано од моја песперктива ако некому не му се допаѓа напишаното прескочете ја статијава, има други за читање.


За Економијата

Се донесоа закони со кои што требаше да се донесат повеќе фирми од странство за да се зголеми конкуренција и да се намалат цените на пазарот.
Колку се намалија ке видете ако самите го отворите маркетот.
Странците доаѓаат овде за профит а не да ни ги намалат цените.


1DW Компании

Уште не видов ни еден чекор кој ке им застане на пат на овие компании кои полека но сигурно ја уништуваат економијата.
Ако некој ме праша пак што треба да се прави пак ке го дадам истиот одговор, кој се нафатил во оро и мисли дека е спремен нека игра а не да бара совети.
Моите совети и идеи ке ги дадам кај што треба.
[

Маркет за пари

Ако го отворите маркетот за пари и одите десно ке видите како ненормално високи количини злато се влечат, кој и како ги влече ке оставам сами да истражите.
Некои од нив и ке ги препознаете.
Можам да кажам само дека јас бев запрепастен од алчноста на некои играчи.

Конгресмени

Мојот предлог околу конгресмени е:

9 јаки и искусни играчи да бидат изберени и први на листа, останатите 18 послаби играчи. Секој јак играч ке добие по 2 послаби играчи на кои ке им биде ментор.
Полека со гласањето за да не ја направат истата грешка што се случи во минатото.
На тој начин играчите ке стекнат искуство во играта.

Армија

Дајте пари за бустер на играчите кои се во армија и така работат за минималец, нека кренат сила која е најбитна при борби. Самите тие со минималецот не можат да си го дозволат тоа и се уназадуваат.


За крај:

Многу ми е криво кога ке го видам нашиот пазар празен и без понуда, или со огромни цени на кои сме принудени поради 1DW компаниите.

Порака за сите кои прават 1DW ало освестете се овде сме за забава пред се и сите оние карања и препукувања се ради забава, парите заработени овде нема да ги употребувате во РЛ.
Заслужувате да бидете мета на сите Македонци кои се незадоволни и кои вложиле некој денар во компанија со цел да помогнат и да дадат свој придонес а не можат да работат заради вас.
Заслужувате сите Македонци да дојдат со 20 здравје 3-4 дена по ред и да ве банкротираат.
Дозволете да се развие конкуренција, да живнат и другите гранки на индустрија, да имаме понуда од секој ресурс, секое оружје барем 4-5 страни по нормални цени.
Секој сака да пукне барем еднаш па макар тоа било виртуелно пукање бидејќи на крај сите сме со една цел преку забава и дружба (па и препирки по некогаш) да бидеме силна еМакедонска нација.
Да застанеме сите заедно и да покажеме зошто сме горди кога ке кажеме дека сме Македонци.

Во разноликост е силата, со нови луѓе и нови идеи да одиме напред.

Ако сте незадоволни од моменталната ситуација придружете се на Ваша еПартија.

#vashkanal

http://www.erepublik.com/en/article/-1-1609725/1/20