КОЈ и КАКО до ДРЖАВНА ФУНКЦИЈА !?

Day 1,119, 10:49 Published in North Macedonia North Macedonia by George of Macedon
ПРЕДЛОГ КРИТЕРИУМИ за ДРЖАВНИ ФУНКЦИОНЕРИ !

Ова е мој прв артикл во мојот е-весник.

Бев испириран од брзоплетоста на некои наши функционери, кои при донесувањето на одлуките се водат од напливот на нивните лични убедувања и суети, но никако од колективниот интерес на мнозинството е-граѓани на оваа наша тешко создадена еМАКЕДОНИЈА.

Затоа ПРЕДЛАГАМ :

Секоја политичка партија кога ќе кандидира свои членови за државни функции (претходно во официјална стручна и експертска процедура) да биде спремна да бара од своите кандидати да исполнуваат одредени критериуми во врска со искуствено познавањето на играта. Имено, секоја партија заради својот сопствен политички имиџ треба да бара квалитет од своите кандидати за да потоа ги кандидира.
Во претходна поцедура на верификација-потврдување на способноста на кандидатот ќе се види дали тој и официјално ќе биде номиниран за член за државна функција. Тоа секој ќе треба да го докаже и покаже преку полагање на стручен државен испит за функционер.
Имено секој кандидат за државни органи и институции треба добро да ја познава стратегијата на играва која во секој случај е колективна, и никако индивидуална. Како во РЖ ќе се воведе (на пример од надлежните Министерства) испит за државни функционери кој ќе се состои од стручен испит или сет на прашања од секаква природа и систуации. Нека ги има неколку видови од едноставна до најсложена природа. Испитот нека се полага ОН-ЛАЈН и за стриктно определено време. Искуството во играта, периодот на активно време поминато во играта, и здобиеното знаење секако дека ќе бидат пресудни за успешноста на кандидатот.
По мое, ако сето ова се организира и спроведе добро, ќе биде ФИЛТЕР за неискусните кои нема да имаат можност да се провлечат кон `ГОРЕ`.
Следен чекор нека биде демократското изгласување на официјални конгресни избори кои според правилата на играта ЕРЕПУБЛИК се одвиваат во точно опредлен тајминг.
Потоа, внатре, сите околности да се уредат со ДЕЛОВНИК за работа, прецизно да се дефинираат сите процедури на предлагање, подготовка, дискутирање и изгласување на сите закони, а секое самоволие и непридржување кон правилата и процедурите на внатрешно делување, ригорозно да се казнува и тоа безмилосно дури и со забрана за идно политичко организирање и делување.

Само така со ред, знаење и дисциплина ќе одиме напред кон подобра иднина на сите е-граѓани на нашата еМАКЕДОНИЈА.
Можеби во пракса ова е тешко остварливо со оглед на малиот број на искусни играчи, но ова е мое лично размислување. Само така може да градиме сериозна едржава. Се друго ќе биде нервози, бруки и гола импровизација.
Сето ова го правев малку набрзина но искрено се надевам дека ќе побуди и други предлози за дискусија како и сугестии за подобро организирање на политичкиот живот на нашата еРепублика МАКЕДОНИЈА.

Ако сум ја погодил темата и моментот, ве молам за искрен глас и претплата.

Со почит,

George of Macedon