Сказна за Волкот и Овците

Day 1,111, 10:45 Published in North Macedonia Poland by kojoti2
Сказна за една еВиртуелна земја

Сите ликови во оваа приказна се измислени.


Си беше една земја во која среќно си живееја овцички, секојдневно си пасеа и работеа и си беа многу вредни и се радуваа што имаат свое пасиште каде имаше трева и не беа гладни.



Овчичките беа предводени од волк кој преправен како Овца ги мавташе лево десно и им ветуваше разни работи само ако тој им биде предводник.




Им ветуваше нови пасишта каде ке имаат повеќе трева и дека тие ке бидат нивни само ако го слушаат. Им ветуваше дека ке им посее нова трева а и ке им го зголеми бројот. Им веруваше дека ке ги одведе во сојуз



Овчичките задоволни го гласаа и си продолжија да си пасат.

Волкот беше паметен па си собра околу себе црни овчички давајќи им ситни привилегии во случај да се побуни стадото.



Штом некоја овчичка ке се побунеше веднаш беше напаѓана од црните и убедувана дека се е супер и дека не треба да се буни.

Еден ден им снема тревка на овчичките, волкот нормално заедно со црните не мрдна со прст да им помогне и ги остави сами да се снаоѓаат како знаат и умеат. Овчичките гладни се вртеа и се бореа за секоја тревка која можеа да ја најдат.

To be continued……..