КОЈ Е КРИВ?

Day 1,102, 05:58 Published in North Macedonia North Macedonia by ilija ss

Голем дел од играчите кај нас изгледа заборавиле зошто почнале да ја играат играва.Гледам во некои весници се поддржуваат оние што заминале на печалба во други ерепублики па дури има и такви кои работат во ерепублики кои се членки на ЕДЕН, а од друга страна се нарекуваат патриоти и сл. А работат во компании на непријателски земји и јадат леб од такви компании и нормално ако сакаат да се борат додека се таму за да зголемат левел треба да се борат против нашите сојузници.

Еден мој совет за оние кои сакат да заработуваат во странство кога веќе решиле, подобро да работат во некоја земја од нашите сојузници и многу повеќе ќе спечалат ако само работат таму а си купуваат леб од кај нас. тоа е лесно изводливо така што ќе му пратат пари не некој од нивните пријатели тој ќе им купи леб од тука и ќе им го донира. така барем парите што ги заработуваат ќе ги трошат кај нас. исто може и со оружје и барем кога ќе се борат ќе се борат на вистинската страна.

Сега нешто за армијата.Претседателот си го кажа своето во весникот, незадоволен е од припадниците на армијата. Но ја слушнавме и другата страна која исто така си го искажа своето незадоволство, а имаше и конкретни примери од нивна страна кои ако се точни, а верувам дека се, тогаш навистина кај нас не функционира организацијата на армијата.Незнам кој е виновен, но ако треба нешто да се смени тогаш треба да се почне од врвот. Прво дали министерот за одбрана е способен да ги извршува своите обврски, после командирите на единиците и на крајот доаѓаат припадниците на одбраната.Не сакам никој конкретно да обвинам но треба да се преиспитаат сите дали се способни и дали имаат време за да одговорат на своите задачи и обврски.

И за крај за компаниите нешто. Сите што не поседувалат компанија незнаат како е. Незадоволни се работниците, незадоволни се сопствениците што и не е така чудно, тоа е така и во РЛ па и тука. Што и да се направи секогаш ќе има незадоволни. Јас лично имам две компании и едната работи на минимум со 1-2 вработени, таа е за артилерија која кај нас и не се троши многу па мора така да работам. а другата ми за леб и работи само колку да ги вртам парите, некој ден сум во загуба неколку мкд, другиот ден сум ќар неколку мкд и така. Значи џабе се лае по весници дека фирмите којзнае колку профитираат и такви работи. Можеби профитирале пред бебе бумот( и јас сум од таа генерација) за тој период незнам, но сега не е таков случајот. Треба да помине уште некое време да се стабилизираме па тогаш може да зборуваме за профит.

Ова беше мое лично мислење не мора сите да се сложат со мене, кој мисли поинаку слободно може да си искоментира или да искритикува нешто што јас сум напишал.