ЗА МАКЕДОНСКАТА НЕКУЛТУРА !!!

Day 1,101, 03:52 Published in North Macedonia North Macedonia by Deni.BT

Здраво почитувани еМакедонци. Денешново утро осамна со плаво линкче за гласање. Денес кај нас избори и каде сега? Синдромот на пренесување на РЖ во ВЖ на ерепублика не следи нас македонците. Едно чудо партии едно чудо кандидати ама политичка култура и интуиција 0 ама таква ни е државата и во РЖ.
Од гледна точка на еден емакедонец кој не е политизиран сакам да го остварам своето право на глас но ниту еден од кандидатите за конгресот не нашол за потребно да понуди програма да објасни зошто треба да гласаме за него. Само еден се обидел да напише нешто и ставил една жена со големи цицки и ветување за куќа како од лотарија. Другите имаат се некакви линкови кои водат кон некој песни слики мапи и што ти не ама нигде нема едно страниче со јас тој и тој играм е република од тогаш и тогаш сум постигнал тоа и тоа и ако гласате за мене ќе се залагам за тоа и тоа. Политичкиот систем е смислен за да се одбарат најдобрите и тие да управуваат или ако не се најдобри барем да се најснаодливи ( да имаат некаков квалитет) а не само за добивање на медал зошто мене така ми мириса во оваа ни наша еМакедонија.
Една анализа 80% од предложените кандидати се левел 20 што по некоја логика мене ми занчи дека се баш од чера.

Како и да е ќе чекаме да видиме што ќе направат до вечер па ако ништо не се смени јас и моите пријатели сакале или не ќе си гласаме на ќоро.

Поздрав до сите и убав ден