РАБОТНИЦИ И РАБОТОДАВАЧИ

Day 1,099, 15:06 Published in North Macedonia North Macedonia by ilija ss

Што е проблемот кај нашите компании? Дали е проблемот само во компаниите или имаат вина и работниците? Колку што јас сум присутен во ерепублика околу месец и неколку дена постојано гледам дека се незадоволни сопствениците на компаниите, а ништо позадоволни не се ни работниците. Каде е решението за подобрување на ситуацијава? Самите треба да си го решиме проблемот, а не да бараме некој од страна да ни го реши. Најбитена е комуникацијата. Пример: јас сум работник и работам секојдневно со 90+ здравје, а гледам на пазар за работа платите се поголеми од таа што јас ја примам. Што треба да направам прво? Да му пишам на сопственикот на компанијата во која сум вработен и да му ја објаснам ситуацијата, ако нема разбирање нормално ќе си одам од таа компанија и ќе си најдам друга работа.Иста е ситуацијата и за компаниите ако работникот ви работи со малку здравје ќе му датете опомена, ако не даде резултати се знае што следува, ОТКАЗ.
Гледам кај некои компании има и мотивациони пораки кои исто така можат да дадат резултати но најбитна е комуникацијата.Еден пример само да спомнам , го играв еден профил на другар кој не беше во можност да игра неколку денови. Тој беше во еUnited Kingdom и јас го запоставив тие денови само го работев и тренирав а не го хранев, после 3 ден доби покачување на платата, јас исто си продолжив да го играм без да му го покачам здравјето, наредниот ден доби порака од сопственикот кој убаво замоли да се потруди да работи со повеќе здравје, и понуди помош ако е потребна, му прати 3 храни кои даваат по 10 здравје и уште еднаш му ја зголеми платата. Па како да не му работиш со 100 здравје? Инаку јас сум сопственик на компанија и работник во друга, така да сакам сите да бидат задоволни.
Решение за добра соработка е само дијалог!