НОВИНАРСТВО исто како во РЛ

Day 1,092, 06:38 Published in North Macedonia North Macedonia by ilija ss

Новинарството во нашава ерепублика ни е исто баш како и во РЛ. Додека лидерите на еРепубликава се обидуваат да ги затоплат односите со нашиот источен сосед еБугарија, некои паметни наши есограѓани "новинари" пишуваат вицови за бугари и слични артикли по весници. И нормално дека ќе дојде до конфликти и препукувања од двете страни по весници. Не мислам дека и кај нив нема исти вакви поединци "новинари", ги има и таму и секогаш ќе ги има. Но дајте барем малку поозбилно терајте си ја работата, ако немате за што да пишувате, не пишувајте, а не да објавувате провокации, и да работите спротивно од оние што сме ги избрале на избори за водење на надворешната политика на нашава еРепублика.