РЕДОВНА СТАТИСТИКА +

Day 1,090, 13:59 Published in North Macedonia North Macedonia by ilija ss

Решив во ова издание на мојот весник покрај редовната статистика да додадам и уште неколку работи што вреди да се споменат, кои се случуваа во изминатава седмица. Прво ќе одиме со бројките и како изгледа моменталната ситуација на жителите во нашата ерепублика.

Вкупно имаме 8941 жител ( пред 7 имавме 8393)

неактивни играчи или оние со 0 поени се 2441 ( нема некои промени отприлика толку беа и пред 7 дена)

играчи со од 0-10 поени имаме_1486 (пред 7 дена 1296 ) до 6 левел

играчи со од 10-80 поени имаме -2338 ( пред 7 дена 2677) од 6-14 левел

играчи со од 80-1000 поени имаме - 2479 ( пред 7 дена 1874) од 14- 20 левел

играчи со над 1000 поени имаме- 197 ( исто колку и пред 7 дена) над 21 левел

Значи сеуште добиваме секојдневно нови играчи и тоа во просек 78 жители секој ден, што е добро.
имаме значително зголемување на бројот на оние играчи кои се од 14-20 левел, која се и најбројна група играчи кај нас. Во сите други групи нема значителни промени.

Друго вредно да се спомене е дека иницијативата за преселба во источна македонија полека но сигурно се реализира. Од денот кога за првпат се објави статија со порака за преселба во источна македонија до сега имаме пораст на населението од 23 % или 530 жители се преселиле од другите делови на еМакедонија.

Исто главна тема и по другите весници овие денови беше цената на лебот и имаше многу незадоволни сопственици на компании за производство на леб, но последниве денови се стабилизира и цената на лебот која е сега 0,35 мкд(зборувам за леб кој дава 2 здравје) и мислам дека оваа цена е добра и за производителите и за потрошувачите.
Битен податок е дека и платите во нашава еРепублика се покачија, па од таму можам да заклучам дека и економијата кај нас полека се стабилизира.

Изминативе денови имаше и пријавување за во армија и регуртација на војници.исто така поставен е и првиот систем за одбрана во источна македонија.Значи и подготовките за можна војна со некој од соседите си се реализираат од страна на министерството за одбрана. Е сега министерот на ова министерство си даде оставка ама тоа не треба да не загрижува. тој си има заменик и сигурно во најкраток рок ќе се постави друг министер.

Значи од сето ова можеме да заклучиме дека на сите битни полиња се развиваме добро ако земеме во предвид дека сме една од најновите ерепублики и постоиме само месец и неколку дена.