Како да добиете ММ медал

Day 1,090, 02:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Bajramo56

Поздрав!

Веднаш да напоменам уште на стартот дека сум замолен од страна на Унгарски играч да го презентирам на Македонците неговиот проект при кој оние што имаат нешто злато повеќе и сакаат да добијат медал за побрзо време да можат да го добијат тоа. Но да објаснам нешто ова не го препорачувам на новите играчи зошто со помош на овој проект најмалку ќе дадат 10 злато а притоа ќе добијат едно 4-5 злато од мапата како награда што значи ќе потрошите околу 5~ злато но внимавајте наскоро имаме војни и не е толку хитно да го добиете овој медал.

Претежно ова е за оние постари што имаат фирми а немаат никаква желба или пак не ги бива во новинарството па сакаат да ја добијаат таа медала, па еве им лесен начин за тоа ..

Унгарскиот играч кој го нуди ова е Имре Норберт инаку веќе 10 пати Министер за Економија во Унгарија, сопственик на голем број негови приватни фирми во играва и ова е еден од неговите најнови проекти. Имено играчот поседува 1000 организации при што може да ви донесе ММ медал за многу кратко време но секако не е тоа бесплатно.

Еве се што треба да направите за медалот ..

1. Испраќате тука приватна порака на таа организација и во содржината ставете го линкот до вашиот весник во играта на кој треба да се дадат 1000 претплати.
2. Пратете 10 злато кон оваа организација, проектот е во последно време многу популарен што можете да видите од донациите на организација при што може да почекате и до една недела за да ја добиете истата. Доколку сакате побрзо да ја добиете медалата уплатете 15 злато и притоа добивате “ВИП“ статус при што добивате предност и за 2 дена највеќе добивате медал.
3. Откако ќе испратите порака во најкраток можен рок ќе добиете одговор на вашата апликација дали сте примени во акцијата и некое друго кратко инфо.

Напомена ..

1. Добивате нешто повеќе од 1000 претплати на весникот, на пример ако ви фали само 100-200 претплати цената е сеуште иста значи не се променува туку повторно ќе ви фали 100-200 ама до следната откако ќе добиете 1000 претпати од страна на овој проект.
2. Како што напишав веќе погоре стандардната процедура за 10 злато обично трае неколку работни денови, додека кај ВИП се добива за 1-2 дена (одприлика).

Исто така можете да купувате и гласови за вашиот артикл ..

Сакате да што повеќе играчи го видат вашиот артикл ? тогаш има веќе решение за истото тимот исто така нуди и продавање на гласови што испаѓа многу поефтино за разлика од тоа да ставите некоја реклама од оние во десната страна при која што ќе потрошите повеќе злато.
Затоа они нудат 1 глас = 0.015 злато и можете да купите минимално 20 гласови а максимално 1000 гласови при што секогаш добивате 5 гласови гратис од нивниот проект.

За начинот на уплата и испраќањето на порака важи исто како и за добивање на медалот.