ЗА СИТЕ ЛЕБОПРОИЗВОДИТЕЛИ И ЛИДЕРИТЕ НА НАШАТА еРЕПУБЛИКА

Day 1,086, 09:03 Published in North Macedonia North Macedonia by ilija ss

Вака сега мене ми дојде една идеја од целава оваа ситуација со лебот и неговата цена и заради тоа сакам да ја споделам со сите производители на леб. Сите што знаеме да си направиме математика работиме скоро за 0 профит , затоа што има многу што не знаат да си направат математика па работат со загуби и сите трпиме поради нив.Е сега мојот предлог е да формираме синдикат за сите лебопроизводители и да се договориме сите за една единствена реална цена на лебот која по потреба зависно од другите фактори ќе може да се промени. зборувам за македонските компании за странските не ме интересира. Па ајде сега да видиме што мислат другите стопанственици за ова, а исто очекувам и коментар од лидерите на еМакедонија дали е ова дозволено и што мислат тие за мојот предлог.

Сите сопственици на фирми за леб кои се сложуваат со мене може да дојдат на посебен чат за нас, таму сме веќе неколку oд нас: #pekariMKD